Симбол на човечноста: Ѓаволот секогаш губи во преговори со овој хороскопски знак!

Верувале или не

Симболичниот знак на Терезијата е пчелата – припадниците на овој знак се паметни, внимателни, силни и единствени луѓе

Станува збор за Терезијата – прочитајте кои особини го красат овој хороскопски знак…

Правда

Кога минуваат низ тежок период или имаат проблеми, луѓето секогаш им се обраќаат на Терезиите. Тоа најчесто е поради тоа што Терезијата прво ја согледува суштината на проблемот пред да даде совет. Можеби нема да го реши туѓиот проблем во целост, но тука е за да даде внимание и психолошка поддршка, која најчесто е и потребна.

За Терезијата нема ништо понепријатно од негативното влијание на околината. Тие сметаат дека опкружувањето мора да биде урамнотежено со добра енергија. Ако постои конфликт, Терезијата ќе му пристапи така што ќе го согледа проблемот од сите агли. За Терезиите честопати се вели дека се исклучително праведни, бидејќи тие никогаш не ја одбираат едната или другата страна и секогаш се обидуваат да ја истераат правдата на виделина.

Шарм

Лесно е да се засака Терезија, бидејќи многу е шармантна. Таа има способност да направи другите да се чувствуваат посебно, ги разбира чувствата на другите луѓе, им дава радост и оптимизам. Терезиите имаат одлична перцепција и потешко одржуваат долгорочни односи со партнерот. Не сакаат луѓе со комплицирано однесување. Веруваат дека би требало да научат да ја прочитаат личноста однатре, а не да ги проценуваат другите врз основа на однесувањето и говорот. Терезиите не знаат да кажат „не“, што ги доведува до невозможни и стресни ситуации. Тие сакаат да им угодат на сите и тоа понекогаш ги убива.

Чувствителност

Терезиите се исклучително чувствителни кон луѓето од нивното опкружување. Дури и кога се караат со некого, тие потполно ќе го разберат и спротивставениот став. Терезиите не сакаат да се лутат, но кога ќе дојде до тој момент, подобро е да побегнете, бидејќи се подготвува бура. Знаат многу брзо да избувнат, но исто толку брзо и се стишуваат. Секогаш се каат поради тоа што реагирале бурно и непромислено.

Романтика

Терезијата љуби со сето срце. Ако имате доволно среќа да ве засака една Терезија, тогаш мора да знаете дека никаде нема да најдете таква љубов. Терезијата не верува во љубов на прв поглед. Многу е внимателна во барањето долгорочна врска. Иако многу лесно привлекува партнери, многу е пребирлива и пријателски расположена. Терезијата може да сака повеќе личност, бидејќи има срце со безгранична љубов.

Социјална пеперутка

Никој не може подобро да се извлече од непријатна ситуација од Терезијата. Таа е голем дипломат и има неверојатна моќ да се извлече од сите невозможни ситуации. Сака да е опкружена со луѓе. Терезијата е креативна душа. Предодредена е полека да се качува на скалилата на успехот, сака да научи повеќе и не се задоволува со просечност. Без разлика колку сакате да бидете во нивно друштво, мора да сфатите дека на Терезиите им треба самотија.

Убавина – однадвор и однатре

Со Терезијата владее Венера – божица на убавината и љубовта. Терезијата ја цени убавината во сѐ, без разлика дали се работи за луѓе, уметност, музика или партнерски односи.

Ако сакате пријателка што слуша, побарајте ја помеѓу овие хороскопски знаци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.