Божиќните оброци на славните затвореници се како во најдобрите ресторани: Зад решетки уживаат во специјалитети, а го добиваат и ОВА!

Еве што јадат славните затвореници на 25 декември

Многу познати имиња го дочекуваат Божиќ во затвор, а празничното мени е божествено, и покрај тоа што не го заслужиле

Гислејн Маквел и Ар Кели повторно го дочекаа католичкиот Божиќ зад решетки, додека Џери Хари, ѕвезда од ТВ-серијата Cheer и Џош Дугар, првпат го прославија големиот празник во затвор, но тоа за нив не значи и дека пропуштаат добра гозба.

ТМЗ откриле како изгледаат божиќните менија во затворите во коишто големи имиња служат казна – празничното мени е божествено!

Еве што јадат славните личности на 25 декември.

Џо Егзотик, ѕвезда од документарецот на Нетфликс, The Tiger King, ТВ-ѕвезда и некогашен сопственик на парк за егзотични животни, е многу популарен во Америка и осуден е на 22 години затвор откако се откри дека со години злоупотребувал девојки. Тој за Божиќ бил послужен со кокошка печена на корнвалски начин, со пржен ориз со тофу, прелив, морков, сос од пилешко, леб и путер, овошни колачи и празнични пити.

Џош Дугар, ѕвезда од телевизијата TLC денес е едно од најомразените лица бидејќи се откри дека злоупотребувал повеќе малолетни девојки, вклучувајќи и дете од пет години. Осуден е во мај 2022 на 12 години затвор. Првиот Божиќ како затвореник го дочекал со печено пилешко со зачини, глазирана шунка, пиперки полнети со зеленчук, лазањи со зеленчук, со тепсија брокули и зеленчук прелиени со сирење, пире од компири, сос за пилешко, пченка, сос од брусница, ролнички и пити.

Џери Харис, 22-годишна ѕвезда од хит-серијата на Нетфликс Cheer, беше исто така осуден оваа година на 12 години затвор во САД, поради барање секс од малолетно лице и објавување слика од сексуално злоупотребување на деца. Тој во затвор, покрај со задолжителната печена кокошка, бил почестен и со говедски стек, киш од брокули, печени кандирани тропски билки, зелје, пченкарен леб, сос од брусница, ролнички, пити и овошје.

Кантавторот и раперот Фети Вап за Божиќ добил малку поскромен, но квалитетен празничен оброк. На трпезата се гостел со пилешко печено со зачини, резанки од домати, интегрален ориз, печен грав, боранија, ролнички, овошје, пити и сок. Вап се најде во затвор во август оваа година по обвинувањето дека дистрибуирал дрога.

Роберт Силвестер Кели, пејач, автор на бројни композиции и успешен продуцент, познат како Ар Кели, беше осуден на 30 години затвор поради напад на малолетници, детска порнографија, рекетирање, попречување на правдата… Во затворската установа во Чикаго го обележал Божиќ со печена кокошка, боранија, макарони со кашкавал, тепсија сладок компир и пченкарен леб.

Најомразената затвореничка, секако, е Гислејн Максвел, осудена на 20 години робија поради сексуално подведување (аферата Џефри Епстајн – британскиот принц Ендру). Таа е во женски затвор на Флорида, а управата исто така ѝ дозволила да ужива во печена кокошка, полнети зелени пиперки, омиленото сирење и лук, сос од брусница, чизкејк, ролнички и овошје.

Покрај вкусна храна, планетарно познатите затвореници добиле и кеса полна со празнични дреболии, најмногу грицки, но и популарни друштвени игри. Покрај тоа, им било овозможено за божиќните празници да учествуваат во турнир во билијард, шах, играле бинго, а нивните активности биле придружени и со концерти на популарни бендови.

Запознајте го олицетворението на злото: Тие се најзлобните, најсуровите и најсмртоносните жени на сите времиња!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.