Ручек од тавче готов за 10 минути од намирници што веќе ги имате дома: Хранливо, здраво и евтино!

Пробајте го уште денес!

Ќе добиете превусно јадење од малку состојки

Сите состојки сигурно ги имате дома, па така овој ручек можете да го приготвите кога сакате, а ќе ви требаат само десетина минути. Вкусот е феноменален и не мора да се грижите за калориите, бидејќи сите состојки се здрави!

Состојки:
  • 2 големи компира
  • масло
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • сол
  • 3 домати со средна големина
  • 4 јајца
  • мирудија
Приготвување:

Измијте го зеленчукот и исечкајте го на коцки. Најпрво, испржете ги компирите на масло, а потоа префрлете ги на чинија и во истото масло испржете ги кромидот и пиперката. По некое време, додајте го доматот. Посолете и промешајте.

Кога доматот ќе се искрчка, вратете го компирот во тавчето, промешајте, па направете 4 вдлабнатини во кои ќе ги скршите јајцата. Поклопете го тавчето и крчкајте 3-5 минути, додека не се испржат јајцата. Посипете со мирудија и послужете.

Ви посакуваме пријатен ручек!

Најубавиот и најлесниот рецепт за подварок: Сите состојки веќе ги имате дома!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.