Запознајте го олицетворението на злото: Тие се најзлобните, најсуровите и најсмртоносните жени на сите времиња!

Нема да ви се верува!

Овие жени извршиле толку монструозни дела што ќе ви биде тешко да поверувате дека некој е во состојба да помисли, а камоли да направи такво нешто!

Кралицата Мери Прва Тудор (1516-1558)

Мери Тудор била единственото дете на крал Хенри Осми и неговата прва жена Катерина Арагонска, а кога станала кралица на 1 октомври 1553 година, сакала да го одржи католицизмот во Англија. Позната и под прекарот Крвава Мери, таа е одговорна за погубувањето на околу триста протестантски неистомисленици!

Мајра Хиндли (1942-2002)

Мајра Хиндли и нејзиниот љубовник Иан Бреди се познати по тоа што во средината на 1960-те години киднапирале, сексуално злоупотребувале, измачувале и на крајот убиле три деца помлади од 12 години и два тинејџера. Биле осудени на три казни за доживотен затвор. За Мајра напишани се многу книги и снимени се неколку филмови, а прогласена е и за најсуровата жена во Велика Британија.

Беверли Елит (1968 – )

Беверли Елит, медицинска сестра од Грантам, во 1991 година за 59 дена убила четири деца, кои биле под нејзин надзор, користејќи различни средства. Исто така, се обидела да убие уште шест деца, а сериозно повредила уште три од нив. Ја викале ангелот на смртта и била осудена на доживотна робија.

Бел Ганес (1859-1908)

Норвежанката Бел Ганес со своите метар и осумдесет и три сантиметри висина и повеќе од 90 килограми, била силна жена која од алчност ги убила повеќето нејзини просјаци и партнери, па дури и своите деца. Се претпоставува дека во различни временски периоди убила помеѓу 20 и 40 луѓе.

Мери Ен Котон (1832-1873)

Англичанката Мери Ен Котон убила 21 човек со арсен, меѓу кои биле и нејзините деца, сопрузи, мајка, пријател и љубовник. Казната за злочинот што го направила била бесилка.

Илсе Кох (1906-1967)

Илсе Кох, сопруга на Карл Ото Кох, командант на концентрациониот логор Бухенвалд, останала запомнета по земањето сувенири од кожа од убиените затвореници со карактеристични тетоважи. По крајот на Втората светска војна била осудена на доживотна робија. Се обесила во женскиот германски затвор во Ајхах на 1 септември 1967 година.

Ирма Грезе (1923-1945)

Ирма Грезе била една од жените вработени во нацистичките концентрациони логори Равензбриу и Аушвиц, а за нејзината суровост подоцна раскажувале до детали преживеаните од логорите. По крајот на војната, била осудена за злочин против човештвото. Била погубена во 1945 година.

Кетрин Најт (1955 – )

Кетрин Најт е првата Австралијка која поради своите ужасни злочини била осудена на доживотен затвор, без можност за помилување. Имено, таа ѕверски го убила својот партнер Џон Прајс, потоа неговите делови од телото ги зготвила и им ги послужила на децата за вечера.

Розмари Вест (1953 – )

Розмари Вест го потресла светот со фактот дека заедно со својот сопруг Фред извршиле 10 убиства, вклучувајќи го и убиството на нивната ќерка Хедер. Фред извршил самоубиство пред почетокот на судењето, а Розмари моментално отслужува доживотна затворска казна.

Елизабет Батори (1560-1614)

Унгарската грофица Ержебет Батори е еден од најпознатите сериски убијци во историјата на човештвото. Се проценува дека заедно со уште неколку соучесници мачела, а потоа и убила, помеѓу 300 и 2.000 девојки. Нејзините злочини биле откриени во 1610 година, по што била заѕидана во својот дворец во кој била пронајдена мртва четири години подоцна.

Олицетворение на злото: Занесно убав, несекојдневно паметен и изопачен до срж – ова е најсуровиот сериски убиец во историјата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.