Бесрамен потег на озлогласената Камила Паркер: Постапката на новата кралица се смета за нејзина најголема грешка во историјата!

Шок!

Новата кралица продолжува да ја копира Леди Ди кога и да ѝ се укаже можност за тоа

Интересот за случувањата за време на повеќедневната кралска церемонија по повод испраќањето на Елизабета Втора, британскиот монарх со најдолг стаж, не стивнува иако синоќа беше објавено сè за државниот погреб со почитување на сите правила и протоколи.

Сето ова ја врати во фокусот и смртта на принцезата Дајана, која е позната по не толку добриот однос со покојната владетелка.

Општо познато е дека принцезата од Велс не го сакала кралството, но и денес е омилена меѓу народот. Сите ги воодушевуваше со своето однесување и ставовите, но и со безвременскиот стил, кој бројни дами се обидуваат да го ископираат.

А верувале или не, меѓу нив е и сопругата на кралот Камила Паркер! Имено, таа се претставувала како голема пријателка на Дајана, дури и истакнувала дека е среќна за неа што нашла вистински маж како Чарлс. Меѓутоа, вистината била тотално поинаква.

Со децении кружат озборувањата дека Камила, наводно, не била добра опција за престолонаследникот. Но таа очајно сакала да ја придобие почитта на луѓето, па почнала да го копира стилот на принцезата од Велс, не надевајќи се дека така ќе постигне само контраефект.

Огромна лавина од коментари предизвика нејзиното појавување во црна креација, која неодоливо потсетува на познатиот одмазднички фустан на Дајана.

https://twitter.com/notgwendalupe/status/1567972730938757120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567972730938757120%7Ctwgr%5E65c3f6b76f3c3a25395a6eed04ec617f375ff79a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2F187213%2Fkako-nova-kraljica-kopira-ledi-di

Луѓето на Твитер не биле нежни кон неа, па овој обид го нарекле: „Една од најголемите епски утки на Камила во историјата!“

А ова се само некои од коментарите за тој стајлинг на Камила:

„Ова е срамота“; „Камила изгледа само како хаос, не може да ја надмине првата и единствена Дајана“.

Често може да се забележат сличности во стајлинзите на членките на кралското семејство со модните избори на леди Дајана, а на тој начин неколку пати ѝ оддала почест и Меган Маркл.

https://twitter.com/nikoll_inna/status/1568838977855053824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1568838977855053824%7Ctwgr%5E65c3f6b76f3c3a25395a6eed04ec617f375ff79a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2F187213%2Fkako-nova-kraljica-kopira-ledi-di

Но овој пат, таа не се соочила со критиките што морала да ги истрпи Камила Паркер. Напротив, многумина го поздравиле овој потег на Меган, истакнувајќи дека во некои моменти изгледа како да има слична судбина како онаа на нејзината свекрва.

Најискреното интервју на принцезата Дајана за Камила Паркер: „Во нашиот брак отсекогаш бевме тројца!“ (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.