Беше голема ѕвезда во подем, а денес е на робија поради убиство: Не била свесна што направила, ѝ се смеела на полицијата!

Лоша судбина

Актерката Ејми Локејн ја отслужува својата затворска казна поради убиство од немарност

Актерката Ејми Локејн имаше голема слава, беше ѕвезда на популарната серија „Мерлоуз Плејс“. Меѓутоа, судбината замешала прсти и си поиграла со нејзиниот живот.

Јавноста беше во шок кога во 2010 година како бомба одекна веста дека актерката учествувала во сообраќајна незгода, во која смртно настрадала 60-годишна жена.

Имено, актерката била во алкохолизирана состојба кобната вечер кога седнала зад воланот. Возела со недозволена брзина, по што се судрила во другиот автомобил, во кој бил несреќната жена, која на лице место останала мртва.

Кога ѝ зеле крв, се дознало дека има три пати повеќе промили алкохол од дозволеното, иако тврдела дека испила четири чаши вино и пиво. Исто така, кога на местото на судирот пристигнала полицијата, русокосата актерка не била свесна што направила, па цело време се смешкала.

По две години, актерката била осудена за убиство од втор степен. Добила три наместо пет години затвор, бидејќи претходно немала дамки во досието.

Набрзо била поднесена жалба поради таквата пресуда, па во јули 2020 година, Ејми била осудена на осум години затвор. Со оглед на тоа што три веќе отслужила, треба да отслужи уште пет.

Со текот на времето ќерките ѝ го простиле престапот, а таа се вљубила во својот адвокат Џејмс Вронко, стекнала нови пријатели, нашла работа и потоа минатата година ѝ пристигнала нова пресуда, а како објаснување било наведена дека актерката не се покајала искрено, и дека сето тоа било добар ПР.

Брутално убиство на актерката во деветтиот месец од бременоста, какво што не се памети: Умрела во невидени маки, како жртва на ритуал!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.