Актерката откри како се чувствува по вакцинацијата: „Како некој да ме застрелал со пиштол во раката“

Чувствувала болка

Тара Рид сподели со своите следбеници на Инстаграм дека ја примила вакцината против коронавирусот, и дека чувствува болка на местото на убодот.

Се вакцинирав и морам да ви ја кажам вистината. Ужасно ме боли, се чувствувам како некој да ме застрелал со пиштол во раката”, напишала таа покрај фотографијата од вакцинацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

Во коментарите, ѕвездата на „Американска пита“ додаде дека не чувствувала болка за време на убодот и апликацијата на вакцината, туку еден час подоцна.

Да, многу ме боли. Не го ни почувствував убодот, но околу еден час подоцна се чувствував како некој да ме застрелал со куршум”, напишала таа.

По неколку дена, Тара повторно се огласи на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

Денес е трет ден од вакцинацијата. Се чувствувам подобро, немам главоболка повеќе и не чувствувам вртоглавица. Но раката сепак ме боли. Благодарам на сите што се јавивте, неверојатни сте. Сите ме прашуваат каква вакцина примив, беше ‘модерна’. Сега сум многу подобро, но првите два дена ми беа многу тешки. Сега е подобро, само раката уште ме боли по малку“, открила Тара.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.