Вака живее најбогатата жена во Индија: Куќа на 27 ката, 169 автомобили во гаражата – а со децата е многу строга мајка!

Луксузниот живот на најбогатата Индијка

Златни јадења, туш со снег – еве како изгледа животот на најбогатата Индијка на светот

Сопруга на најбогатиот Индиец на светот Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на најуспешната индиска компанија Reliance Industries, е Нита Амбани.

Износот на нивното богатство се проценува на 83 милијарди евра, а најбогатата жена во Индија е позната по раскошниот начин на живот со завидна листа на луксузи во кои ужива. Во нивната гаража има 169 автомобили, а нивната послуга брои дури 600 членови, вклучувајќи готвачи, чистачи, келнери и фитнес-инструктори.

Едно од најбогатите семејства на светот живее во резиденцијата Антилија во Мумбај, во најскапиот облакодер на светот, вреден милијарда долари. Оваа зграда се состои од 27 ката со бројни забавни содржини, како што се: кино, спа-центар, храм, балска сала и кат посветен на автомобилите. Тие поседуваат дури и туш со вештачки снег, под кој обожаваат да се опуштаат. Нивното бројно обезбедување има засебни дневни соби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NITA AMBANI 🔵 (@nita.ambaniii)

Најбогатата жена во Индија, учителка и дизајнерка на ентериер, обожава да троши пари на луксузни работи, а за себе вели дека има префинет вкус за чанти. Во една пригода издвоила 350.250 евра за чанта „Хермес“. Не штеди ни на храна, па така порачала 62.60 парчиња златни јадења.

На сопругот му подарила луксузен Мајбах автомобил, а милијардерот на својата сопруга за возврат ѝ подарил млазен авион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NITA AMBANI 🔵 (@nita.ambaniii)

59-годишната Индијка се појавува во јавност во традиционална облека, но „Картие“, „Булгари“ и „Гучи“ се некои од нејзините омилени модни брендови. Позната е по великодушноста, основала училиште и болница во Мумбај, а двојката донирала 59 милиони евра за помош околу пандемијата.

Најбогатата двојка во Индија е 37 години во брак и имаат три деца, два сина и ќерка, кои биле воспитувани според строги правила.

Нита инсистирала децата да растат во скромни услови и да добиваат џепарлак додека пораснат, мораат да се возат со јавен превоз и да имаат строги ограничувања за излегување.

5 најбогати жени на светот: Живеат како да немаат леб да јадат, а начинот на кој ги трошат парите е неверојатен
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.