5 најбогати жени на светот: Живеат како да немаат леб да јадат, а начинот на кој ги трошат парите е неверојатен

Прочитајте

Тие се најбогатите жени на светот и можат да имаат сѐ што ќе посакаат, а еве како изгледаат и живеат

Веројатно сите некогаш сме се запрашале како изгледаат и живеат најбогатите луѓе на светот. Тие располагаат со милијарди и навистина не постои нешто што не можат да си го дозволат. Еве на што ги трошат парите најбогатите дами.

1. Франсоаз Бетанкур Мајерс – 65,9 милијарди долари

Долгогодишната шефица на листата на најбогати жени, според Блумберговата листа, и понатаму е на врвот. Нејзиното семејно богатство почнало да се акумулира на почетокот на 20. век, кога младиот хемичар Јуџин Шулер развил формула за бои за коса, кои ги нарекол Oreale.

Остатокот е историја. „Лореал Груп“ денес е козметички гигант со големо портфолио на познати брендови, како што се „Гарниер“, „Килс“, „Ив Сен Лорен“ и „Ланком“, а сопственик со најголем удел е внуката на Шулер, Франсоаз Бетанкур Мајерс. По страшниот пожар што ја уништи париската катедрала Нотр Дам, таа донирала повеќе од 200 милиони долари за нејзина обнова.

2. Алис Волтон – 61 милијарди долари

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wambli Eagleman (@itswamblieagleman)


Алис во 1992 година наследила акции во „Волмарт“ од својот татко Сем Волтон, кој 30 години претходно го основал популарниот синџир на супермаркети. Така се приближила до самиот врв на ранг-листата на најбогати жени во светот. Живее во Тексас опкружена со коњи и вредна уметничка колекција.

3. Мекензи Безос – 59,6 милијарди долари

Мекензи се збогатила по најскапиот развод во историјата на човештвото и тоа затоа што Џеф ја изневерил по 25 години брак. Мекензи заработила акции во „Амазон“ вредни 38,3 милијарди долари од разводот. Парите и понатаму се лепат на неа. Поради кризата со пандемијата, вредноста на акциите значително пораснала, а нејзиното богатство сега се проценува на околу 60 милијарди долари.

Минатата година ѝ се придружила на големата иницијатива Давање завети. Во рамките на тоа, ултрабогати луѓе се обврзани половина од своето богатство да го донираат на хуманитарни организации.

4. Јулија Кох – 55,8 милијарди долари

Џулија неодамна се нашла на листата на најбогати жени на светот, откако наследила милијарди од својот покоен сопруг, познатиот индустријалист Дејвид Кох. Се верува дека Кох ѝ оставил повеќе од 53 милијарди долари минатата година. Портпаролот на Кох претходно кажал дека неговите акции во компанијата останале во семејството по неговата смрт, но одбил да изнесе повеќе детали.

5. Жаклин Марс – 41,3 милијарди долари

Има 79 години и поседува третина од „Марс“, најголемиот производител на чоколадо во светот, што во 1911 година го основал нејзиниот дедо Френк. Во семејниот бизнис работела речиси 20 години и останала во менаџментот до 2016. Денес, како што се наведува, е филантроп и се зборува дека е член на управниот одбор на Вашингтонската национална опера и Националната архива. Интересно е што Жаклин Марс главно ја знаеме преку познатото чоколадо, но таа е и еден од најголемите производители на храна за домашни миленици во Америка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.