„Плачевме…“ Јелена Ѓоковиќ за големиот емотивен слом на Новак

Не ум било лесно

Семејството било покрај него.

Новак Ѓоковиќ во текот на кариерата имаше многубројни предизвици, а неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ еднаш раскажа за еден од неговите најголеми бродоломи.

Раскинувањето на соработката со тренерот Андреј Агари лошо се одразило на Ѓоковиќ, на кого му било преку глава од се’, а таа била покрај него докрај!

Ги собра сите членови на тимот и им рече: „Знаете што? Завршив! Давам отказ!“ Плачевме и му кажавме дека не може, дека не е вистинското време. Не сакаше да игра тенис, не сакаше ни да види како топката поминува покрај него – откри Јелена, која потоа го тешеше својот сопруг и го охрабри да продолжи. Таа заедно со нивните деца Стефан и Тара играла тенис, не давајќи му мир на Новак.

Виде дека се забавуваме и дека тоа не е тренингот на кој е навикнат со години. Потоа ме замоли да му дадам рекет, но јас го задевав дека се откажал и дека сега е наш ред да играме тенис. На крајот, сервираше и рече дека се чувствува добро – открива Јелена во подкаст.

Ѓоковиќ додаде дека оттогаш Новак секојдневно се појавувал на теренот со децата и дека конечно го повикал тренерот Маријан Вајда и побарал од него повторно да тренира.

По една операција, Новак продолжи да ниже успеси во светот на белиот спорт, а сето тоа поради неговото семејство, кое го мотивирало да биде уште посилен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.