Ќе се изненадите кога ќе дознаете што се крие зад опцијата „I’m not a robot“

Еден од начините да се провери безбедноста при пребарување на Интернет е опцијата „Јас не сум робот“ (I’m not a robot), а многумина се изненадени од тоа што всушност се крие зад оваа опција.

Сигурно досега ви се случило при влез на одредени веб-страници да ви се отвори безбедносна проверка во која треба да потврдите дека „не сте робот“. Проверката често содржи фотографии на кои треба да штиклирате одредени одговори.

Бидејќи повеќето луѓе се обидуваат да ја завршат задачата што е можно побрзо, малкумина размислуваат што точно се крие зад оваа опција.

Сето тоа е објаснето во епизода на емисијата QI од 2020 година, каде што водителката Сенди Токсвиг откри за што станува збор. Видео од шоуто сега се појави на ТикТок, а многу корисници се воодушевени од тоа што го дознаа.

Поентата не е да се обележат полињата и да се дадат точни одговори. Вистинскиот одговор е да откриете што се пребарувале пред да ги означите. Да бидам искрена, не можам да ги откријам сите детали, но накратко, означете го полето и таа веб-страница ќе ја провери вашата историја на пребарување, истакна таа.

На пример, пред да го означите полето, сте гледале видеа со мачки, ви се допаднал твит за Грета Тунберг, сте го провериле вашиот мејл – сето ова потврдува дека зад екранот има човек, објаснува таа.

Во суштина, ја насочувате страницата да ги погледне вашите податоци и да одлучи дали да ви дозволи пристап или не. Ако компјутерот не е сигурен, тогаш ве упатува да кликнете на фотографиите.

Опцијата „Јас не сум робот“ всушност е прикриено одобрување за согласнот одредена интернет-страница да ја дознае вашата историја на пребарување.

Видеото за кратко време собра над 3 милиони прегледи.

@fitzyandwippa Did you know this? 🤯🤯🤯 #fitzyandwippa ♬ original sound – Fitzy & Wippa

Коментарите се заклучени.