Дали сте подготвени? Ураганките доаѓаат во Скопје!

Кој вели дека се распаднаа?

Уште една луда и незаборавна предновогодишна журка ви подготвува екипата на, во моментов најатрактивниот скопски локал „Deja Vu – East Gate“, местото чија локација е друго име за забавата во македонската престолнина, Скопје.

Овој пат ден пред дочекот на највеселата и најлуда ноќ, во четврток на 30. 12. 2021 год. со почеток во 17.00 часот бидете подготвени за еден поразличен и повозбудлив претпразничен „afterwork“, на кој сцената ќе ја размрдаат дивите „Hurricane“, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате сета убавина на предновогодишната атмосфера!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HURRICANE (@hurricane_official)

Евровизиската женска вокална атракција, трите убавици подготвени да ви понудат уште една возбудлива претстава за вистинско уживање и незаборавна забава. Сексапилните „ураганки“ ве чекаат да ја споделат со вас сета своја енергија, танцувачките способности, певливите хитови и раскошната телесна убавина која ја буди волшебната игра на сите сетила.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.