Браво! Раперот Војаж го прекина настапот за да ѝ помогне на девојка од публика, која се онесвести! (ВИДЕО)

Вистинска реакција!

Фото: Инстаграм

Популарниот пејач Михајло Веруовиќ, познат како Војаж го прекинал својот настап за да помогне на девојка во публиката, која всушност се онесвестила.

Војаж вредно работи и настапува, па клубовите се полни до последно место, а на еден настап, девојка која била во првиот ред се онесвестила и паднала во гужвата.

Кога Војаж го видел тоа го прекинал својот перформанс, па ја фатил девојката со раце и ја извлекол на бината. Веднаш се појавиле припадниците на обезбедувањето кои ја однеле девојката надвор за да и биде укажана брза помош.

„Моментот кога го прекинав мојот настап и од публика извлеков девојка која се онесвести. Луѓе, ве молам внимавајте, особено во големите метежи – напишал пејачот.

Погледнете што се случи:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.