Антониа Гиговска гостинка во „Еден на еден“: Пејачката првпат зборува за раскинувањето со Иван! (ВИДЕО)

Не пропуштајте!

Новата 14-та сезона од ,,Еден на еден’’ пристигнува на малите екрани! Оваа недела, со почеток во 18:30 на Канал 5, ќе имаме можност да ја гледаме премиерата на шоуто, кое цели 14 години опстојува во медиумскиот простор.

Горди на домашната продукција и низа познати соговорници низ годините, Жарко Димитриоски и тимот на ,,Еден на еден’’ и оваа сезона ни најавуваат интересни гости и одлична содржина, која со сигурност ќе ни го задржи вниманието.

Прва гостинка во сезона 14 е младата талентирана пејачка Антониа Гиговска, која во оваа епизода отворено раскажа за својата борба со килограмите и трансформацијата низ која поминала, коментарите на социјалните мрежи со кои секојдневно се соочува, поддршката која не ја добила од своите соученици по „Евровизија“, но и за крајот на нејзината љубовна врска со пејачот Иван Јованов.

Како Антониа игра чочек и како го имитира Жаре се само дел од неочекуваните предизвици кои водителот ѝ ги приреди на младата пејачка во првата епизода од ова шоу, за која сме сигурни дека е само почеток на уште една успешна сезона – полна со музика, скечеви, и супергости!

Гледајте ја премиерата на ,,Еден на еден’’ во недела, 18:30 на Канал 5!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.