Тесла спиел само два и пол часа, еве како: Докторите откриваат кога несоницата е проблем и како се решава!

Совети на експерти

Невролозите откриваат што предизвикува нарушување на сонот и колку часа спиење се доволни за нормално функционирање во текот на денот и здрав живот

Недостигот од сон е чест проблем на современата доба. Тоа доведува до сериозни психички и физички последици, а во 90 отсто од случаите луѓето не можат да спијат, бидејќи имаат одредени проблеми, нерешени животни прашања што ги мачат и стресни ситуации на работа.

Што предизвикува нарушување на спиењето, колку часа сон ни се неопходни за да функционираме нормално и колку всушност обрнуваме внимание на овие проблеми, се само некои од прашањата што ги одговараат невролозите.

Тие напоменуваат дека идеално е да се спие помеѓу седум и осум часа во континуитет, ни помалку ни повеќе, бидејќи сé што е под или над тоа, го скратува животот.

Едно од нарушувањата на спиењето е несоницата, позната и како инсомнија. Според докторите, таа е последица, а не причина за неспиење, која настанува поради разни животни проблеми, нерасположение и напнатост, хронични болести, стрес на работа…

Постојат алтернативни помагала за лекување несоница, како што се мелатонин или магнезиум, но според докторите, тоа зависи од застапеноста на проблемот.

„Некои луѓе доаѓаа до одредени сфаќања што им помагаат мирно да спијат, додека на други им треба помош во форма на лекови.

Од друга страна, мелатонинот е природен хромон што се лачи пред да заспиете, меѓутоа тој нема да ви помогне побрзо да потонете во сон. Вистинската несоница не можете да ја излекувате доколку пиете суплементи на мелатонин, па затоа за добар сон, најчесто потребни се лекови што помагаат да заспиете, а кои не предизвикуваат зависност“, објаснуваат докторите.

„Не препорачувам седативи за овој проблем, бидејќи тие, за разлика од лековите за спиење, имаат негативни дејства, предизвикуваат зависност и можат да доведат до епилептичен напад, доколку нагло се престане со нивно земање“, напоменуваат докторите.

Доколку несоницата трае до три месеца, таа се смета за бенигно нарушувања, но доколку трае подолго и се појавува три до четири пати неделно, треба да одите на лекар.

Ова нарушување во спиењето најчесто е последица на психички фактори, како што е структурата на личноста или се појавува поради одредени стресни настани, како што се испитите на пример.

„Постојат луѓе на кои им се доволни три часа сон, но тоа се екстремни случаи. На пример, Тесла спиел два и пол часа. Меѓутоа, се советува секој да одвои време за спиење, особено ако знаете дека утредента ве чека напорен ден“, советуваат невролозите.

Наспијте се за 4 часа: РЕМ-техника на спиење што функционира кај секого!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.