Сите го прават ова кога вршат голема нужда, а не знаат колку е опасно: Експертите откриваат!

Само 2 начина се правилни

Експертите откриваат дека погрешното вршење голема нужда може да влијае врз здравјето на организмот

Иако вршењето нужда сите го сметаат за рутина, експертите тврдат дека одредени правила се од исклучителна важност за да се одбегне појавата на хемороиди, констипација и слични проблеми.

Вршењето на основните физиолошки потреби и здравото варење кај човекот подразбира елиминација на штетните материи од организмот, па затоа од голема важност е да имате редовна столица. Многумина се задржуваат во тоалетот подолго одошто треба, а причината за тоа честопати е констипацијата, како и хемороидите, кои воопшто не се редок проблем.

Меѓутоа, ретко кој знае дека и положбата што се зазема додека се врши нуждата влијае врз здравјето. Тим на дански научници дошле до заклучок дека многу луѓе погрешно ја прават најприродната работа на светот.

Како што велат данските научниците, голем број луѓе, дури третина од светската популација, испуштаат звуци при напнувањето кога вршат голема нужда, а тоа никако не се препорачува.

„Во суштина, сè се сведува на притисокот, а тој притисок се намалува кога испуштаме воздух. Па така, со испуштањето разни форсирани звуци го намалуваме притисокот и тоа нема ефект на олеснување, туку спротивното“, вели Јан Фалингборг од Универзитетската болница Архус.

Тој тврди дека неправилната положба на седење на тоалетната школка е причината за многу здравствени проблеми – хемороиди, констипација, појава на фистули, напрегање на цревата и други состојби.

Како што сугерира, далеку подобра и поздрава положба, која е и најприродна за празнење на цревата, е клекнатата.

„Околу 1,2 милијарди луѓе ширум светот клечат додека извршуваат голема нужда и имаат значително помал процент на дигестивни проблеми“, напоменуваат експертите.

Бидејќи е малку потешко да се постигне таа положба на тоалетната школка, експертите препорачуваат да поставите клупичка во тоалетот на која ќе ги подигнете стапалата кога ќе седите, а телото треба да го наведнете напред.

Неправилното бришење по вршење нужда е штетно за здравјето на ректалната и вагиналната област
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.