Неправилното бришење по вршење нужда е штетно за здравјето на ректалната и вагиналната област

Бидете внимателни

Додека звучат како теми за кои би ги учеле малите деца, бришењето по мокрењето е проблем што им пречи и на многу возрасни лица, бидејќи голем број од нив сè уште погрешно се бришат.

Имено, многу жени предизвикуваат проблеми како што се уринарни и вагинални инфекции и иритација и влошување на постојните проблеми со ректумот поради погрешна техника за бришење. Гинеколозите и гастроентеролозите често добиваат прашања, но исто така даваат и насоки кога станува збор за бришење по голема и мала нужда. Во мала нужда, насоката на бришење е најважна и до сега веројатно сите знаеме дека секогаш треба да се брише од вагиналниот до ректалниот отвор. Но, кога бришете по голема нужда, има уште неколку правила што треба да ги следите.

Избришете од напред кон назад

Овој совет веројатно го имате слушнато уште од детството и треба да знаете дека треба да го практикувате цел живот. Поради големиот број на бактерии во ректалната област, никогаш не треба да започнете да бришете од ректумот до вагиналниот отвор, туку обратно.

Внимавајте на тоалетната хартија

Многу луѓе не знаат дека видот на тоалетна хартија игра голема улога во бришењето, особено кога станува збор за луѓе кои се почувствителни. Избегнувајте употреба на тоалетна хартија во боја, како и рециклирана и миризлива. Таквите типови можат да предизвикаат иритации, особено кај оние луѓе кои веќе имаат проблеми како хемороиди, анални пукнатини и слично. Исто така, овие типови тоалетна хартија не се добри за одржување на оптималната pH вредност на вагиналната флора.

Не бидете груби

Целта на сите е добро да се исчистат по вршење нужда. Но, грубото бришење и триење често постигнува погрешна работа. Имено, ако веќе имате проблеми со ректумот, ќе ја влошите ситуацијата или ќе го иритирате здравото ткиво. Експертите секогаш препорачуваат миење со вода ако е можно, особено ако имате хемороиди или анални пукнатини. Кога се миете, користете природни гелови, состојки без мирис и агресија.

Избегнувајте влажни марамчиња

Многу луѓе ќе користат влажни марамчиња кога вршат нужда. Но, влажните марамчиња во никој случај не се добар избор кога станува збор за бришење по голема (или мала) нужда, бидејќи тие можат да предизвикаат иритација. Доколку поголемиот дел од денот го поминувате надвор од домот, би било добро секогаш да имате шише со вода и благ природен гел за интимни делови за да можете подобро да се избришете со помош на обични марамчиња. Секогаш е подобра опција од влажните марамчиња кои се полни со штетни состојки.

Прочитајте и: Климатски промени: Подолга сезона на алергии, поголема концентрација на полен

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.