Климатски промени: Подолга сезона на алергии, поголема концентрација на полен

Што велат експертите?

Зголемувањето на температурите, предизвикано од климатските промени, ги продолжува алергиите на полен и ја зголемува концентрацијата на полен, а сезоната на алергии започнува еден месец порано. Ова го покажа новата студија …

Сезоната на алергии започнува 20 дена порано, а концентрацијата на полен е поголема за 21%. Истражувањето го спроведе Вилијам Андерег од биолошкиот факултет на Универзитетот во Јута. Тој заклучи дека е многу јасно дека климатските промени влијаат на здравјето на луѓето ширум Соединетите американски држави.

Тој посочи дека во студијата биле вклучени помал број на луѓе кои дале слични одговори, и врз основа на што ја следеле врската помеѓу зголемувањето на концентрацијата на полен низ САД и зголемувањето на температурите.

Истражувањата покажаа влијанието на алергените врз органите за дишење, што е уште позначајно како резултат на пандемијата на коронавирусот. Студијата истакна дека алергиите резултираат во почести посети во болница и полоши резултати на училиште.

Истражувањето е исто така важно за оние кои сè уште не се алергични. Имено, експертот за алергии Леонард Биелори предупреди дека подолгото изложување на алергени значи поголема веројатност дека некој ќе стане алергичен.

Ова не е само проблем во САД. Европската академија за алергии и клиничка имунологија претпоставува дека половина од жителите на Стариот континент ќе имаат некоја хронична форма на алергија до 2025 година.

Британскиот весник „Гардијан“ ги рангираше Токио, Мелбурн и Лондон меѓу светските жаришта на алергии.

Пред десет години, американската фондација за астма и алергија исто така предупреди на горенаведеното. Но, тие проценија дека сезоната на алергии ќе започне до 27 дена порано.

Прочитајте и: Сите несакани ефекти од лукот: Дополнително може да ги влоши овие состојби!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.