Што е вулводинија – болеста од која боледува девојката на евровизискиот победник: Ова се симптомите, многу тешко се поставува дијагнозата!

Објаснување на докторка

Девојката на победникот на Евровизија, Дамијано Давиде, боледува од вулводинија, а докторка открива сè за оваа хронична болест на вагината

Инфлуенсерката Џорџа Солери, девојката на Дамијано Давиде, лидерот на италијанската група „Манескин“, која е годинешниот победник на Евровизија, боледува од вулводинија, синдром на хронична болка на вагината, за што и отворено говорела.

Што е вулводинија и колку е честа, објаснува докторката Ања Пикула, гинеколог, специјалист за болести на долниот генитален тракт.

Што е вулводинија и кога се јавува?

Најчеста е во перименопаузалниот и менопаузалниот период. Причините се истенченост на кожата и слузокожата, настаните поради недостиг на хормонска активност и електролитен дисбаланс, односно поради сувост на наведената регија.

„Со вулводинија се означува синдром, односно повеќе симптоми на различни непријатни сензации во пределот на вулвата, односно завршниот слузокожен-кожен дел на долниот генитален тракт, кои временски траат подолго од три месеца. Од крајот на 19. век позната е како стручна перцепција, а од 1970-те години како клинички ентитет“, открива докторката.

Првиот симптом е пецкање!

Главните симптоми се пецкање, непријатна иритација, боцкање, воспаленост, дифузна непријатност. Кај 80 отсто од жените се работи за контактна вулводинија, а околу 20 отсто симптомите ги чувствуваат спонтано, без никакво надразнување.

„Многу тешко се поставува дијагноза. Најчесто, лицата поминуваат неколку нивоа на специјалистички испитувања за на крајот, со исклучување на други заболувања на вулвата, да се дојде до дефинитивна дијагноза“, објаснува Пикула.

Што предизвикува вулводинија?

„Етиологијата сè уште е непозната, но поврзана е со хормонски нарушувања за време на циклусот, интерстициски циститис, односно воспаление на ѕидот на мочниот меур, менопаузален хормонски статус, различни автоимуни процеси во организмот, невролошки синдроми и слично“, нагласува доктор Пикула.

Како и колку успешно се лекува?

Лекувањето подразбира мултидисциплинарен пристап и тогаш е најуспешно. Тоа значи дека во лекувањето учествуваат гинеколог, дерматолог, уролог, а често и психијатар и психолог. Започнува со локална терапија која треба да ги ублажи болката и пецкањето, и за таа цел се користат разни кремови, раствори, емулзии, гелови…

„Во најтешките случаи, не преостанува ништо друго освен хируршка ексцизија на заболената регија. Меѓутоа, тоа е многу мутилантна операција која може да предизвика уште потешка проблематика, особено во психолошка смисла“, заклучува доктор Пикула.

Симптоми и работи што укажуваат на вагинална алергија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.