Здрав чоколаден колач со банани: Мек совршенство од вкусови што можете да го јадете без грижа на совест!

Пробајте

Овој десерт ќе ве освои во истиот миг кога ќе го пробате

Состојки:
  • 3 зрели банани
  • 80 мл кокосово масло
  • 80 г мед
  • 80 г кокосов шеќер
  • 2 јајца
  • 1/2 лажиче екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 185 г ‘ржано брашно
  • 45 г какао во прав
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 лажиче цимет
  • 80 г темно чоколадо
Приготвување:
  • Во сад измешајте ‘ржано брашно, какао, сол, сода бикарбона и цимет.
  • Во друг сад изматете ги јајцата со кокосово масло и шеќер, арома од ванила, мед и банани.
  • Потоа, сувите состојки додајте ги во садот со течните состојки па убаво измешајте ја смесата со дрвена лажица.
  • На крај, додајте грубо сечкано чоколадо.
  • Смесата сипете ја во долгнавест калап за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
  • Печете го колачот 35 минути на 180 степени Целзиусови. Со чепкалка проверете дали е испечен.
  • Готовиот колач оладете го на собна температура и послужете го. Добар апетит!
Чоколаден колач без брашно од само 4 состојки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.