Што е ЛАПАРОСКОПИЈА и колку време е потребно за целосно закрепнување – објаснува д-р Коста Василевски

Дознајте од стручно лице

Лапароскопијата е минимално инвазивна процедура, која се изведува со посебен инструмент – лапароскоп преку 4 мали засеци во абдоменот (по 2 см).

Може да биде дијагностичка и терапевтска. Се изведува под општа анестезија.

Се користи како дијагностички метод за визуелизација на внатрешните репродуктивни органи или како терапевтски може да се користи за отстранување на цисти на јајниците, миоми на матката, за визуелизација на проодноста на оваријалните цевки, за целосно или субтотално отстранување на матката.

Лапароскопијата е метода по која пациентот може да си оди дома следниот ден, закрепнувањето е побрзо од конвенционалните операции и е помалку трауматично за пациентот.

Д-р Коста Василевски е сертифициран за ОБ/ГИН, женска карлична медицина и реконструктивна хирургија.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.