Перименопаузата често почнува со нарушување на месечниот циклус, а може да настапи веќе во 35-та година

Како што стареете, така доживувате многу промени, како и вашата кожа…

Студиите покажуваат дека женската кожа губи околу 30 отсто колаген во текот на првите пет години од менопаузата.

Што се случува?

Перименопаузата често почнува со нарушување на месечниот циклус, а може да настапи веќе во 35-та година“, објаснува Шамсах Амерси, гинеколог од Санта Моника (Калифорнија, САД).

Сепак, повеќето жени во оваа фаза влегуваат во раните 40-ти години од животот. Во тој миг телото поминува низ мошне деликатни хормонски турбуленции, кои се разликуваат од оние во пубертетот“, вели Мона Гохара, професорка по дерматологија на Медицинскиот факултет „Јејл“.

Последично, така опаѓа и производството на хијалуронска киселина, колаген и еластин – супстанции одговорни за хидрирана кожа. И другите хормони, како тестостеронот, почнуваат да варираат, што може да резултира со сушење и појава на акни.

Во оваа доба и оштетувањата од сонцето на кожата стануваат повидливи“, вели д-р Гохара.

Имено, тогаш е вообичаено да се забележуваат темните дамки или нерамномерниот тен. Но се појавуваат и други симптоми, како што се валунзи и црвенило на кожата.

ШТО МОЖЕТЕ ДА ПРЕЗЕМЕТЕ?

Нештата не се толку трагични – на вашата кожа ѝ е потребно само дополнително внимание. Д-р Гохара препорачува двократна хидратација, хидратантна верзија на двократно чистење.

По миењето на лицето нанесете хидратантен серум, а потоа и крем со глицерин и хијалуронска киселина, која ќе ја зајакне кожната бариера.

Ако се борите со акни, придржувајте се до основниот режим на нега, со нежно чистење придружено со употреба на ретиноиди. Меѓутоа, д-р Гохара предупредува дека периоралниот дерматитис и розацеата се „двојници на акните“.

Значи, ако вашите „нерамнини“ не реагираат на вообичаениот третман на акни, добро погледнете ја кожата – можеби станува збор за нешто друго.

ПРОБАЈТЕ

Дневен и ноќен крем Vichy Neovadiol. Хранлива нега за поцврста кожа во менопауза, наменета за многу сува и зрела кожа, како и за осетлива кожа. Ги реактивира механизмите на кожата, како: еластичност, цврстина и густина, интензивно ја храни вашата кожа и помага да се изедначи тенот и да се врати чувството на удобност.

Хидратантен концентрат Afrodita Skin Specialist Hyaluron. Овој препарат содржи хијалуронска киселина од 100% природно потекло, со способност да навлезе во дермисот и епидермисот. Во комбинација со сокот од краставица, на кожата ѝ обезбедува оптимална влага и ефикасна заштита против стареење.

Термална вода La Roche-Posay. Докажано е С.О.С. средство при налет на топлина. Поседува омекнувачки и антиоксидантни својства, ја смирува кожата надразнета од надворешните влијанија (сонце, дерматолошки третмани) и придонесува за спречување на стареењето на кожата.

Neostrata Skin Active Retinol + NAG Complex. Ноќен серум со 0,5% ретинол (во чист облик) и неоглукозамин® (NAG). Здруженото дејство на овие супстанции ефикасно ја затегнува кожата, ѝ дава подобар волумен, ја намалува појавата на брчки, а придонесува за намалување на пигментациите и за уедначување на тенот.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.