Лекарите советуваат: Не треба да го чистите овој дел од телото

Секој ден кога ќе се истуширате, сигурно се грижите за миење на телото од глава до пети. Се разбира, секојдневната хигиена е клучна, но некои делови од телото не се наменети за постојано чистење. Всушност, чистењето на ушите веројатно ќе направи повеќе штета отколку корист.

„Користењето памучни стапчиња за чистење на ушниот канал не само што го турка восокот поблизу до тапанчето, туку постои значителен ризик да предизвикате полесни или тешки повреди“, вели оториноларингологот Крис Јатана.

„Двете најголеми заблуди што ги слушам како оториноларинголог се дека ушните канали треба да се чистат дома и дека треба да се користат памучни стапчиња за нивно чистење – ниту едно не е точно“, додаде Јатана: „Ушните канали обично се самочистат“.

Студијата, објавена во „Журнал за педијатрија“ во 2017 година, ги анализира податоците собрани во текот на 20 години, од 1990 до 2010 година, и откри дека повеќе од 263 000 деца под 18 години биле примени во американските болници поради повреди на увото што беа резултат на употреба на памучни стапчиња. Од тие стотици илјади повреди, најчесто документирана причина е чистење на ушите (73 проценти од пријавените повреди).

Според Јатана и неговиот тим истражувачи, медицинските проблеми во врска со памучните стапчиња првпат се појавиле во 1972 година – скоро 50 години откако биле создадени. Оваа студија од 70-тите години покажа дека има извештаи за перфорација на тапанчето (ТМП), надворешна инфекција и втиснување на церумен по употреба на памучни стапчиња.

И покрај оваа рана студија и предупредувањата што следеа, луѓето сè уште редовно користат памучни стапчиња за чистење на ушите. Студија од 2011 година открива дека 68 проценти од луѓето сè уште ги користат, а 96 проценти од нив велат дека ги користат за отстранување на ушниот восок.

„Скоро сите пациенти со повреди на увото поврзани со памучни брисеви се излечени, но тоа не значи дека некои повреди не беа сериозни“, велат истражувачите во студија од 2017 година: „Обично, задржувањето на туѓо тело во ушниот канал не предизвикува компликации ако го отстраните на време, но кога нема да се отстранат, присуството на хронично туѓо тело е поврзано со интракранијални компликации, вклучувајќи апсцес на мозокот и фатален менингитис.“

Прочитајте и: Вода со лимон или оцет? Што е поздраво да се пие на празен стомак?

 

ФОТО: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.