Избегнувајте ја солта! Доведува до здравствени проблеми опасни по живот

Со нејзино намалување во исхраната, секоја година би се спасиле милиони луѓе што умираат од мозочни удари и од срцеви заболувања

Многу испитувања покажуваат дека би требало да се прават големи напори за да се намали внесувањето на солта во организмот.

Имено, доколку се консумира премногу овој зачин, може да доведе до здравствени проблеми опасни по животот.

Меѓутоа, дури и ако никогаш повеќе не посолиме некое јадење, веројатно и натаму секојдневно ќе внесуваме премногу натриум, бидејќи тој ѝ се додава на готовата храна во вид на додаток за арома, за текстура и боја, но и како конзерванс.

Една нова анализа, спроведена на над 133 случајно избрани испитаници што го намалиле внесувањето сол во организмот, дава цврсти докази што би се случило доколку се намали количеството сол во исхраната што ја јадеме.

Не само што крвниот притисок е намален кај хипертензичарите туку и кај луѓето што не спаѓаат во ризичната група.

Многу повеќе информации од прва рака и корисни совети можете да прочитате во специјализираното списание за долговечноста и здравјето „Руски доктор“.

Голем број истражувања сведочат за тоа дека би требало да се вложат дополнителни напори за да се намали внесувањето на солта, со што секоја година би се спасиле милиони луѓе што умираат од мозочни удари и од срцеви заболувања.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.