Имате МЕНСТРУАЦИЈА: Тогаш трипати НЕ!

Добро е да знаете

Еве што не е препорачливо да правите во „ОНИЕ“ денови од циклусот…

1 НЕ ЈАДЕТЕ СОЛЕНО Многу жени отекуваат за време на циклусот, а солената храна предизвикува дехидратација, која организмот ја компензира со засилена жед, па течностите што ги пиеме придонесуваат за уште поголема отеченост.

2 НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЗАШТИТА Експертите велат дека е во ред да се имаат сексуални односи за време на менструација, но треба да се внимава бидејќи во тие денови постои поголема опасност од заразување со сексуално-преносливи болести. Затоа треба повеќе да се внимава на заштитата!

3 НЕМОЈТЕ ДА СТЕ СТАТИЧНИ Изгледа дека сепак се веродостојни рекламите за влошки во кои жените прават чуда додека имаат менструација, занимавајќи се со најадреналински активности. Имено, истражувањата покажуваат дека засиленото излачување ендорфин за време на физичките активности придонесува за намалување на болката и на грчевите за време на менструацијата.

Значи, не мора баш да претерате, но барем прошетајте покрај Вардар!

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.