Бадијала ви се витамините и суплементите ако не го правите ова: Само вака максимално се зајакнува имунитетот!

Тврдење на руски психолог

Ова е клучот за добро здравје

Исхраната, исто како и физичката активност, се многу важни за добар имунитет, но дали сте помислиле колку нашите емоции влијаат врз здравјето на целиот организам?

Имунитетот опаѓа кога во нас се таложат грижи, стрес, притисок, огорчување, тага… За да се покрене имунитетот, треба да се засилат позитивните емоции и секој ден да се негуваат.

Најдобриот начин за тоа, секако, е среќата и чувството на радост, спокој и мир. Радоста како емоција има дури и повисока фреквенција (540) од љубовта (500) и во голема мера е одговорна за нашето здравје, тврди психологот Јулија Михалков.

Таа со години проучувала пациенти со лоша здравствена состојба и секогаш доаѓала до истиот заклучок: негативните емоции се одговорни за лошиот имунитет. Тоа го научила од бројните примери што ги среќавала низ праксата, но и од личен пример.

„Во еден период од животот, од чиста мира (барем јас мислев така) мојата кожа, која секогаш беше во совршена состојба, почна да се лупи, суши и постојано добивав јадеж. Прво го игнорирав проблемот мислејќи дека е минлива реакција, но тоа не се случи, па посетив дерматолог и испробав еден куп кремови. И потоа, во еден момент сфатив дека причината за лошата состојба на мојата кожа е всушност пад на имунитетот, а тоа дошло поради лошите емоции што сум ги затрупувала во себе.“

„Во тој момент животните околности не ми беа на завидно ниво и сето тоа потсвесно ме мачеше иако мислев дека добро се справувам. Во тој момент решив дека ќе се соочам со мојот проблем, дека ќе почнам да го решавам и секоја негативна мисла да ја заменам со позитивна. Неверојатно е тоа колку чувството на радост влијае позитивно врз комплетното здравје.“

„Секако дека нема да можете да го промените тоа прекуноќ и да почнете исклучиво позитивно да размислувате. Тоа не е ни поентата, на крајот на краиштата. Поентата е што треба да поминувате повеќе време правејќи работи што ќе ви измамат насмевка, да се гледате со луѓе кои ве радуваат и да сфатите дека сè во животот се менува, па така и вашиот проблем ќе се реши некогаш.“

Психосоматика и здравје: Ваквите мисли целосно го уништуваат човечкиот имунитет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.