Во ТВ-гостување Кејт Мидлтон детално зборува за својот велнес-тренд за силен имунитет и против анксиозност

Секогаш во контакт со природното

Здравствените придобивки од овој тренд, кој го користи и принцезата од Велс, се многубројни

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, неодамна гостуваше во шоуто „The Good, The Bad & The Rugby“ заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и во таа прилика сподели дел од својата велнес рутина.

Имено, принцезата Кејт откри, исто како и Гвинет Палтроу, Лејди Гага и Мадона, дека во својот тренинг го вклучила популарниот тренд на потопување во ладна вода.

„Сакам да пливам. Уживам во ладно пливање, колку е поладна водата толку подобро“, рече Кејт.

Методот е поврзан со бројни здравствени придобивки кои се научно докажани. Ладна вода ја намалува анксиозноста и го зајакнува имунолошкиот систем.

Професионалните спортисти обично користат криотерапија на целото тело во процесот на закрепнување по сериозните и тешки физички тренинзи. Сепак, бидејќи криотерапијата на целото тело е релативно скапа и не е толку многу достапна за секого, методот со ладна вода обезбедува исти ефекти. Како и Кејт Мидлтон и вие можете да го практикувате овој трик во удобноста на вашиот дом – се што ви треба е ладен туш.

Во медицината, познато е дека имунолошкиот систем се зајакнува со третман со ладна вода: мускулите се обновуваат побрзо и сврзното ткиво се зајакнува. Исто така ја стимулира циркулацијата, го намалува крвниот притисок и го регулира пулсот.

„Секој кој свесно го практикува овој метод со ладна вода не само што го зајакнува имунолошкиот систем, туку генерално си го подобрува здравјето и виталноста“, додава фитнес тренерот и здравствен тренер Маркус Фирер.

Меѓутоа тој потенцира дека ваквиот третман е наменет исклучиво за здрави луѓе.

„Ако страдате од одредени состојби, не би препорачал терапија со ладна вода“, предупредува    д-р Франц Лаква. „Тоа подразбира срцеви заболувања, одредени алергиски реакции…“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.