Овој чај е вистински благодат: Го намалува ризикот од појава на крвни згрутчувања и го држи холестеролот под контрола!

Научно докажано

Напивка што влијае врз целиот организам

Црниот чај од дамнешни времиња се користи во народната медицина, а неговите лековити својства се многубројни. Еве како дејствува на организмот:

Поради високата количина на флуориди, луѓето што го пијат овој чај имаат добро сочувана густина на коските и здрави заби. Уште од дамнешни времиња, црниот чај се користел во народната медицина за ублажување на болести на непцата и против крвавење на забите.

Исто така, бил многу делотворен за воспаление на грло, детоксикација на организмот, уморни очи, подочници, главоболки…. Многу козметички компании од неодамна додаваат токму црн чај во своите производи, бидејќи се покажало дека неговите состојки штитат од воспаленија настанати поради УВБ-зрачење, кое предизвикува неколку болести на кожата. Екстрактот од црн чај ја поттикнува оксидацијата на масти, па го сметаат за важен сојузник во борбата против прекумерна тежина.

Бројни истражувања укажале на позитивните ефекти од консумацијата на црн чај, како што се: снижување на холестеролот и намалување на ризикот од појава на крвни згрутчувања.

Исто така, содржи и нутритивни вредности кои нема да исчезнат ако при приготвувањето на чајот се стави малку млеко, а познато е дека поради одредената количина на кофеин доведува до намалувањето на поспаноста и заморот, па поради тоа е добра замена за кафе.

Во различни култури се приготвува на разни начини. Некои црни чаеви дополнително се збогатуваат со арома на јасмин и бергамот. Обично во црниот чај се додава малку млеко за да се ублажи неговиот горчлив вкус.

Овој чај задолжително пијте го еднаш дневно: Ги чисти бубрезите и црниот дроб, лечи анемија и го регулира крвниот притисок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.