Синот на Брена се всели во стан од 700.000 евра, погледнете кои му се првите соседи! (ФОТО)

Веќе е доволно голем за да живее сам!

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, наводно се иселил од семејната луксузна вила на Бежаниска коса и се вселил во свој стан вреден 700.000 евра.

Како што тврди изворот, Виктор се заразил со корона и поради тоа одлучил да ја напушти семејната куќа и да се изолира во стан кој се уште не е комплетно опремен.

„Виктор се всели во станот, иако не е комплетно среден. Се заразил со корона, па одлучи да се изолира. Тој и планираше да ја напушти семејната вила на Бежаниска коса, но поради короната тој порано ги спакува куферите – рекол изворот и додал:

„Не му пречи што и понатаму се работи во станот, бидејќи никаде не излегува. Хана му доставуваат на адреса, а со мајка му и татко му се слуша повеќе пати во текот на денот – рекол извор близок на Живојиновиќ.

Соговорникот за белградските медиуми открива како изгледа новиот стан на најмладиот Живојиновиќ и кои ќе му бидат први соседи.

„Брена и Боба за Виктор избрале стан од 140м2, за кој „искеширале“ дури 700.000 евра. Интересно е што токму тие ќе бидат негови први соседи. Брена и Боба за себе купиле стан на истиот кат. За разлика од Виктор, тие двајца не се брзаат со селидбата. Веројатно следната година ќе се преселат во новиот стан.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.