Не смеете да ја игнорирате оваа промена на телото: Јасен знак дека холестеролот е високо над границата на нормалата!

Внимавајте!

Една промена на телото јасно укажува дека имате високо ниво на маснотии во крвта

На телото му треба мала количина на холестерол во крвта за да го користи за создавање хормони, како што се естроген и тестостерон и за да му помогнат на метаболизмот ефикасно да работи.

Меѓутоа, доколку нивото на холестерол е високо над границата на нормалата, тоа може да доведе до зголемен ризик од болести на срцето и други сериозни здравствени проблеми.

Доколку ви се случува да имате заматен вид или пред очите ви се појавуваат сенки, како блиц од фотоапарат, тоа е првиот знак на кој морате да обрнете внимание. Таканаречениот „блесок“ може да биде првиот знак на покачен холестерол.

„Може да има период од неколку дена или недели, за време на кој заболените доживуваат блесоци на светлина кои траат неколку секунди или минути. Ако блесоците на светлина се влошуваат, потребно е да посетите офталмолог“, вели доктор Мартин Шкур.

Покрај ова, може да се јават и флеки во видот или заматување на видот, кое ако трае неколку дена, може да биде знак на висок холестерол.

Во објавено истражување, дополнително е истражен високиот холестерол и како тој може да влијае врз очите. Според истражувањето, холестеролските емболи можат да се ослободат од плаковите во внатрешните каротидни артерии и да се преселат во артериолите на мрежницата.

Промената на животниот стил може да го снижи холестеролот, а се советува следново…

  • Јадете помалку сол
  • Во менито вклучете повеќе зеленчук и интегрални житарки
  • Ограничете ја количината на животински масти и користете добри масти во умерени количини
  • Одржувајте здрава тежина
  • Престанете да пушите
  • Вежбајте минимум 30 минути дневно
  • Намалете го стресот
Ова е најдобриот начин за одржување на нормално ниво на холестерол
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.