Одењето наназад води кон здравје

Коментира интернистката Марина Александровна Нефедова.

Се сеќавам дека на часовите по физичко воспитувањеправевме едноставна вежба: одевме, а понекогаш и трчавме наназад. Беше забавно, а наставникот ни објаснуваше дека тоа е одличен тренинг за мускулите и за еластичноста на ‘рбетот.

Пред две години, кога имав проблеми со грбот – се сетив на таа вежба. Искрено, се сомневав дека ќе ми помогне. Вреди ли да се очекува резултат од едноставно одење? Но не можете да знаете додека не се обидете. Одењето наназад го почнав со десет чекори и постепено го зголемував бројот.

Сега успевам да направам 50-70 чекори. Благодарение на ваквите секојдневни тренинзи се чувствувам многу подобро!

При одење наназад, мускулите на грбот се вклучуваат во работата, тие стануваат посилни и поеластични. Плус, оваа вежба ги развива рамнотежата и концентрацијата на внимание.

Можете да ја правите дома или надвор – најважно е да нема нерамнини под вашите нозе.

Ви препорачувам да тренирате најмалку двапати неделно. Одете наназад онолку колку што вашето тело може да издржи, постепено зголемувајќи го времето за тренирање до 10-20 минути.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.