За оваа риба кажуваат дека е многу здрава: Го заштитува вашето срце, го намалува холестеролот и ја поправа меморијата

Исхрана

Внимателно одберете која риба ја јадете и начинот на која е подготвена, затоа што не се сите риби здрави за нас.

Секој од нас до сега има научено дека рибата е полна со омега 3 масни киселини, па поради тоа е многу здрава. Неопходно е рибата да ја јадеме барем два пати неделно, напоменуваат нутриционистите.

Но кога бирате која риба да ја јадете, внимателно одбирајте, бидејќи не се сите риби здрави!

Ви носиме список од 9 најздрави риби на светот:

Атлантски лосос: Кажуваат дека омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во срвеното место на оваа риба можат да влијаат на биолошкиот саат на човекот, што значи дека може да го успори вашето стареење.

Забатец: Оваа риба се смета за исклучително корисна за човекот, бидејќи содржи изобилство од фосфор. Калиум, калциум, натриум и железо.

Атлантска харинга: Оваа риба се смета за масна, но омега 3 масните киселини кои ги содржи од голема корист се за кардиоваскуларниот систем на човекот.

Езерска златна рипка е риба која живее во слатките води. Нејзиното месо е масно скоро исто како и месото од лосос, но не се суши кога е термички обработено.

Гирици – Сардилите се вид на риба која има толку протеини да може да парира на било кое месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Богата е со витамини и минерали кои се потребни на човекот да може нормално да функционира.

Скуша – оваа риба е совршена за секоја диета, бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали неопходни за организмот на човекот.

Пастрмка – Ако само еднаш недело јадете пастрмка можете да го намалите холестеролот, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да избегнете проблем со помнењето во староста.

Сардина – оваа мала риба добро се апсорбира во организмот на човекот и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А,Б12,Б6,Д) и рибино масло кое го намалува холестерот.

Туна – оваа риба е полна со омега 4 и омега 6 масните киселини што влегува во едни од најкорисните риби.

Никогаш не штедете на квалитетна риба. Ако саката да се изненадите себе и своето семејство со оброк од риба, одберете паметно, затоа што не е секоја риба здрава. Постојат оние кои масовно се произведуваат и полни се со жива.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.