Важи за здрав производ и постојано го јадеме, но неверојатно дебелее во стомакот: Создава гасови и масни наслаги!

Доведува до констипација и дуе

Постојат бројни здрави намирници чие претерано консумирање ја нарушува рамнотежата во нашето тело и дигестијата, што доведува до појава на вишок килограми

Постојано се зборува за исхраната, но постојат бројни заблуди што збунуваат. Неретко се случува да внимавате што јадете, а сепак да се дебелеете. Имено, рецепт за вита става не е само броењето калории, туку многу е важно и како ги комбинирате производите. Можеби ќе ве изненади фактот дека одредени здрави намирници му нанесуваат повеќе штета на организмот одошто корист.

Верувале или не, станува збор за млекото. Секојдневно е присутно во оброците што луѓето ги консумираат, а не сме ни свесни колку може да придонесе за појава на масни наслаги на стомакот, кои знаеме дека најтешко се отстрануваат.

Фото: iStock

Повеќето производи од млеко природно содржат одредена количина на шеќер – лактоза. На лактозата, пак, ѝ треба единствен ензим за да се свари. Нутриционистите истакнуваат дека во само 250 мл млеко има 15 г лактоза, што е премногу дури и за оние што немаат апсолутно никакви проблеми со варењето.

Кога внесувате премногу млеко или во случај да ви недостига лактоза, шеќерите остануваат несварени и во тенкото црево започнува нивната ферментација. За овој процес неопходна е водата, а таа се црпи од цревата, па може да дојде и до констипација. Тоа резултира со појава на подуеност и гасови, додека вишокот шеќер се претвора во масни наслаги.

Како да се ослободите од масните наслаги?

Најважно од сè е да го слушате своето тело. Јадете тогаш кога сте навистина гладни, а не од досада. Имајте урамнотежен ритам на спиење за да ги согорите мастите и да ја намалите желбата за грицкање.

Поради погрешниот избор на храна во текот на денот и нередовното спиење, нашиот организам паѓа во замка – желбата за храна е многу поголема и тогаш заглавувате во циклусот на насобирање маснотии. Желбата за јадење станува неодолива, поради постојаното лачење хормони.

Ако забележите акни, гадење или проблеми со срцето, проверете дали пиете премногу млеко
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.