Сигурно ги имате во кујна: Три зачини кои се одлични за слабеење

Храна

Тие можат да го забрзаат метаболизмот, а помагаат и во исфрлањето на вишокот течности. Губењето на вишокот килограми подразбира физичка активност и елиминирање на шеќерот, брзата храна и другите помалку здрави намирници.

Покрај тоа, многу е корисно да знаете кои зачини можат да ви помогнат да го исчистите телото од вишокот токсини и да го исфрлите вишокот течност. Покрај тоа што се исклучително здрави, тие можат да помогнат во забрзувањето на метаболизмот.

Освен што додаваат посебна арома и вкус на јадењата, тие имаат и здравствени придобивки и погодности, а речиси секој ги имаат на полиците во кујната.

Магдонос

Магдоносот го додаваме во многу јадења, а речиси ниту една супа не може да се замисли без овој додаток. Она што малкумина го знаат е дека е природен диуретик и дека ефикасно поттикнува елиминација на вишокот течности од организмот. Тој е толку здрав што содржи три пати повеќе витамин Ц од лимонот. Покрај тоа, тој е богат со витамини А, Б и Е. Магдоносот содржи значителни количини на железо, фосфор, манган, цинк, калциум, калиум, натриум, магнезиум.

Оригано

Овој зачин е меѓу најомилените во Италија, а доаѓа од растение кое содржи многу корисни соединенија. Ориганото е богато со полифеноли и флавоноиди. Токму овие соединенија помагаат во регулирањето на инсулинот во телото, како и на телесната маса. Овој магичен зачин го стимулира варењето.

Рузмарин

Рузмаринот е богат со антиоксиданси, а има и многу важна улога во регенерацијата на клетките и регулирањето на шеќерот во крвта. Покрај тоа, може да го забрза метаболизмот. Токму поради сето тоа со векови се користи во народната медицина. Се користи и за стимулација на работата на бубрезите и при дигестивните нарушувања.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.