Почитувајте го ова и никогаш нема да се разболите: Тврдење на најпознатиот експерт за здрава исхрана!

12 правила за здравје

Дванаесетте чекори здравје, осмислени од страна на експерт за здрав живот, се сето тоа што мора да го знаете за вашето здравје

Дарин Олиен е љубител на здравата исхрана и меѓународно признат експерт во областа на исхраната и здравиот начин на живот. Неговата книга „Енергија во чинија: Пет извора на суперпомош“ е заснована на практични совети што ќе ви помогнат подобро да се разберете себе, своето тело и да почнете подобро да живеете уште денес.

Ви пренесуваме 12 совети што секојдневно треба да ги почитувате:

1. Пијте најмалку 30 мл вода по килограм од маса или, по можност, и повеќе (човек тежок 55 кг треба пие најмалку 1,7 литри вода). Во секој литар вода додајте околу една четвртина лажиче хималајска сол. Протресете го шишето пред да ја пиете водата и уживајте.

2. Одбегнувајте шеќер, но и концентрирани засладувачи како пченкарен скроб, како и вештачки засладувачи, кои се уште полоши од шеќерот. Обидете се шеќерот да го сведете на минимум. Тоа нека биде најмалку 10 г по оброк.

3. Исфрлете ја индустриски преработената храна. Јадете само готвена, домашна храна, по можност од зеленчук, овошје и месо.

4. Пред јадење, длабоко вдишете и изразете благодарност. Завршете со јадење кога ќе бидете 80% сити. По 10 минути ќе се чувствувате потполно задоволно.

5. Не жалете се на другите луѓе и на тоа што ве наведуваат на лош начин на живот. Вие самите одлучувате што ќе ставите во уста. Не жалете се на животот. Ако нешто не ви се допаѓа, променете го тоа. Ова е ваш живот, не трошете го залудно.

6. Пригответе големи порции салата со зачинско билје, мешунки, овошје, семиња, ореви… Купете си голема чинија за салата. Не ограничувајте се. Јадете салата колку што сакате.

7. Секогаш носете облека од природни ткаенини – органски памук, лен, свила, волна, коноп. Кожата е најважниот орган, кој за жал не го почитуваме доволно. Облеката што содржи вештачки материјали го уништува нашиот најголем орган, кожата.

8. Дишете длабоко. Дишењето од нос е еден од најдобрите начини да се ослободите од стресот.

9. Обидете се да не пиете кафе секој ден. Само ви се чини дека не можете да преживеете без кафе. Постојат многу покорисни начини на зголемување енергија. Запомнете, кафето ја зголемува киселоста на организмот и тоа ги поништува сите негови предности.

10. Ладната вода лекува. Завршете го туширањето со ладна вода. Излезете на студен ден во маица со кратки ракави. Благиот студ го поттикнува имунитетот, го зголемува согорувањето масти и ја продолжува младоста.

11. Спијте во целосен мрак – без телефони, часовници, таблети или телевизор. Не дозволувајте во собата да ви влегуваат зраци улична светлина што се провлекуваат низ завесата. Ако не можете да си обезбедите темница, спијте со превез преку очите.

12. Слушајте се себеси, вашето искуство, интуиција, тело…

9 намирници што никој не смее да ги јаде: Исфрлете го ова од исхраната еднаш засекогаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.