Нутриционистите советуваат: Ако сакате да се ослободите од салото на стомакот, јадете ги овие 7 намирници што почесто!

Патот до витка линија никогаш не бил полесен

Лето официјално започна, а сезоната на капење е пред отворање. Ако не сте ја довеле линијата до совршенство, не грижете се, најдовме список на храна што може да помогне во регулирање на телесната тежина и согорување на маснотии во стомакот.

Урамнотежената исхрана е клучот за витка форма, и би било добро да ги вклучите следните намирници во менито. Оваа храна ќе ве засити, а има и малку калории. Покрај тоа, поради нејзиниот состав, помага во разградување на масните наслаги.

Јаболко

Идеална замена за слатки кога имате желба за десерт. Богато е со диетални влакна, кои ќе ве заситат, ќе го подобрат варењето и ќе ја забрзаат работата на дигестивниот тракт. Исто така, има диуретични својства, така што лесно ослободува вишок течност.

Грејпфрут

Половина грејпфрут за појадок или половина час пред оброк ќе ви помогне да се чувствувате сити и да спречите прејадување. Грејпфрутот е познат по богатството на витамин Ц и како моќен активатор на метаболизмот кој го стимулира распаѓањето на мастите во организмот.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се меѓу намирниците кои успешно ги топат масните наслаги и се одлична закуска за секој што внимава на линијата или сака да изгуби неколку килограми. Тие содржат добри масти кои се неопходни за организмот и нè одржуваат сити со часови.

Маслиново масло

Ако мислите дека избегнувањето на маснотии е најдобриот начин да изгубите маснотии во стомакот, не сте во право. Мононезаситените масти, кои се наоѓаат во маслиновото масло, можат да помогнат во одржување на нивото на холестерол под контрола и да го спречат апетитот.

Боровинки

Вкусните бобинки со низок гликемиски индекс се вистинско богатство на хранливи материи. Тие имаат посебен ефект врз обработката на шеќерот и се верува дека го намалуваат холестеролот.

Чили – лута пиперка

Покрај намалувањето на апетитот, лутите чили пиперки се одговорни за термогенезата – создавање на топлина во организмот. Стимулира потрошувачка на дополнителни калории, што пак резултира со губење на масни наслаги, а во исто време, покажуваат студиите, го стимулира дигестивниот тракт.

Калинка

Калинката е богата со фолна киселина, витамини, влакна, додека од друга страна е малку калорична. Калинката е храна што прави да изгубите тежина затоа што ја намалува можноста за складирање на маснотии во организмот.

Прочитајте и: 5 работи кои ја трошат вашата енергија секој ден и создаваат чувство на замор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.