Ако луѓето го знаеја ова, до 80% од разводите немаше да се случат: Секој брак има 7 фази! Еве за што станува збор!

Што е потребно за успешен брак?

Секој од нас избира партнер за цел живот. Сепак, за да почувствуваме вистинска љубов, прво мора да се дружиме, па дури потоа да се заљубиме. Ако прво сте се заљубиле, тешко дека ќе бидете свесни за придобивките од вашата врска, кога ќе се изгасне првиот пламен. За сè, дури и за љубовта – потребно е трпеливост.

Секоја врска се состои од 7 фази кои водат кон вистинска љубов:

1. Воодушевување – вашиот партнер е идеален за вас. Каде и да погледнете – гледате љубов и хармонија. Паровите се толку фасцинирани од таа љубов што не забележуваат ништо друго.

2. Презаситеност – во оваа фаза почнувате да гледате трезвено кон вашиот партнер и вашата врска. Почнувате да се однесувате поприродно и опуштено.

3. Одвратност – неизбежна во секоја врска. Започнува расправија, се откриваат недостатоците на партнерот. Ви се чини дека најлесно е да раскинете. По раскинувањето, повторно ќе влезете во фаза на возбуда со следната врска, потоа следната и така натаму … Но, ако ја надминете оваа фаза, ќе дојде подобрата …

4. Трпеливост – партнерите стекнуваат мудрост. Кавгите не се толку драматични, знаете дека врската треба и мора да продолжи.

5. Должност или почит – прва фаза на вистинска љубов, бидејќи пред тоа немаше вистинска љубов. Партнерите ја разбираат нивната одговорност, не размислуваат за раскинување, туку за нешто потрајно.

6. Фаза на пријателство – партнерите се зближуваат. Тие се најдобри пријатели. Оваа фаза го отвора патот до вистинската љубов.

7. Фазата на вистинска љубов – Секоја врска мора да помине низ овие 6 претходни фази за да се достигне фазата на вистинска љубов. Вистинската љубов не е нешто што паѓа од небото, треба да се работи на вистинската љубов.

Ако сакате да имате вистинска, возрасна љубов и врска што трае, треба да работите малку повеќе.

Прочитајте и: Колку време е потребно за да се преболи бившиот партнер?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.