На кето диета сте, но не губите тежина? Еве неколку совети

Кето диетата доживеа голема популарност зошто многумина изгубија тежина и го подобрија здравјето благодарение на неа.

Меѓутоа, не сите што ја применуваат оваа диета губат телесна тежина, па некои по неколку месеци престануваат да веруваат во ефективноста диетата. Ако и вие не ја постигнувате вашата цел, можеби ќе треба да направите измени во менито или да разговарате со регистриран нутриционист.

Бидете сигурни дека сте во кетоза

Главната поента на кето диетата е да го испратите вашето тело во состојба на кетоза. Тогаш вашиот метаболизам се менува и почнува да ги топи маснотиите наместо јаглените хидрати за да му се обезбеди на организмот доволно енергија.

Меѓутоа, треба внимателно да испланирате како ќе го доведете вашето тело до состојба на кетоза. Вашата кето диета треба да се состои од 60% – 75% масти, 20% – 30% протеини и 5 – 10% јаглени хидрати.

Можете да проверите дали навистина сте во кетоза со помош на тест за урина од дома, што можете да го најдете во аптеките. Овие тестови откриваат кетони, супстанции што црниот дроб ги создава при обработката на маснотиите. Треба да бидете свесни дека состојбата на кетоза нема да ви овозможи да изгубите тежина ако продолжите да внесувате премногу калории, изјави нутриционистот Скот Китли.

Повеќето луѓе губат телесната тежина со помош на кето диета затоа што ja практикуваат правилно

Ако луѓето се придржуваат кон диетата, многу е ретко да не губат телесна тежина. Но, за губење на тежината со кето диета, важи истото правило како и за сите други диети. Во текот на денот треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате. Ограничувањата не треба да бидат екстремни, но треба да имате дефицит во калориите. Кетозата го прави ова за нијанса полесно бидејќи го намалува вашиот апетит, така што имате помали шанси за прејадување.

Ако го намалите внесот на калории премногу на помалку од 1200 калории во текот на денот, исто така можете да го забавите губењето на тежината. Не јадењето доволно може да го доведе вашето тело до прегладнување, во кое телото се забавува и со тоа се забавува губењето на тежината.

Целта е достигната

Иако го одржувате вашиот метаболизам, со текот на времето, вашите килограми може да престанат да се намалуваат. Како што ги намалувате калориите и губите вишок килограми, вашето тело ќе се прилагоди на новата состојба и ќе му требаат помалку калории за да функционира нормално, како што истакнува Китли.

Китли верува дека сите што практикуваат кето диета не треба да ја користат вагата како единствена мерка за напредок. Кога согорувате маснотии и градите мускулна маса, може да имате минимално зголемување на телесната тежина. Стоењето на вага и гледајќи се како ја зголемувате тежината наместо да губите тежина, може да ве исплаши без разлика што се случува со вашето тело.

На крајот, кето исхраната е прилично строга. Ако сакате да се обидете да бидете на оваа диета треба да побарате совет од вашиот лекар пред да започнете, за време и по вашата кето диета.

Прочитајте и: Зошто најчесто ги враќаме килограмите по диетата?

 

ФОТО: Unsplash

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.