Менито на Амал Клуни ќе ве изненади: Вака се храни и ја одржува беспрекорната линија!

Исхрана

Што јаде Амал Клуни – менито на згодната адвокатка ќе ве изненади

Амал Клуни има сѐ – успешна кариера, две деца, Џорџ, куќи на најубавите места во светот, а притоа изгледа како божица. Да не заборавиме дека важи и за модна икона на 21 век. Има толку складна фигура, што сѐ што ќе облече на неа, станува олицетворение на совршенството. Некои можеби ќе кажат дека е премногу слаба, но холивудскиот срцекршач не се жали. Освен тоа, тој секогаш имал добар вкус. А кога сме веќе кај вкусот, да ѕирнеме малку во менито на една од најинспиративните жени на денешницата…

Убавата правничка се држи до својот гастрономски ритуал, што се состои од неколку оброци дневно. Најважно, секако, е појадокот. Но ако мислевте дека утрото ѝ почнува со цеден портокал и тост, сте се излажале. Тоа е период од денот кога масата е резервирана за екстремно здрави намирници, кои обезбедуваат доволно енергија. На пример, супа од морски алги со тврдо варени јајца. Супата, па уште и од алги, можеби не е конвенционален појадок, но на Амал очигледно ѝ годи, со оглед на тоа што најчесто се наоѓа на нејзината утринска трпеза.

И ручекот има силна медитеранска црта. Како што неодамна рекла за „Вог“, обично таа е главна во кујната, а мајсторка е за шпагети со мини-ќофтиња од мисиркино месо и пилешки гради во сос од лимон. Салатата мора да биде витаминска бомба и најчесто претставува микс од свеж сезонски зеленчук.

Што јаде Амал Клуни за вечера

Амал Клуни не ја одбегнува ниту вкусната вечера иако не изгледа така. Кога престојуваат на езерото Комо, на менито обично имаат италијански специјалитет. Џорџ своевремено се има пофалено дека неговата сопруга би можела да работа како пица-мајстор во најдобрите ресторани. Омилена им е пицата маргарита со додаток рукола, а во репертоарот вклучуваат и по нешто од кујната на Либан, земјата од која потекнува Амал, како и индиски и јапонски јадења.

„Сама прави врвни њоки и песто-сос, прсти да излижеш!“, открил славниот актер.

Омилените семејни грицки се пуканките, особено додека уживаат во домашно кино. Амал истакнала дека важно ѝ е да внесува и многу течности, па пие најмалку две литри обична вода во текот на денот, а понекогаш се освежува со коктелот што го смислила со Џорџ и неговите пријатели Синди Крафорд и Ренд Гербер, со кои го основале брендот Casamigos. Главната состојка е текила со додаток сируп од лимета, нектар од агаве и брусница. Официјално бил претставен на венчавката на Клуни во Венеција во 2014 година.

Со овие совети секоја жена во 40-тите може да изгледа беспрекорно како Амал Клуни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.