Лимон: Најдобриот сојузник на здравјето и витката линија

Неверојатни придобивки

Иако сите знаеме дека овошјето е здраво за нашето тело, ние често забораваме да го купиме, да го јадеме, да го мешаме… Но, студените денови нѐ предупредуваат дека е крајно време да внесете овошје во вашите менија денес, особено оние со многу витамин Ц, како што е лимонот.

Полн е со витамин Ц (антиоксиданс, го подобрува имунитетот), витамин Б (ја враќа енергијата), рибофлавин (го обновува ткивото, влијае на растот и развојот), минерали како калциум и магнезиум и е вашиот најдобар сојузник во текот на денот.

Му помага на црниот дроб да ги елиминира токсините

Црниот дроб е одговорен за синтезата на протеините, детоксикацијата и производството на сите биолошки хемикалии кои му помагаат на телото правилно да вари. Лимонадата му помага на црниот дроб да ги извршува овие функции уште поефикасно. Бидејќи лимонот е диуретик, го зголемува и мокрењето што помага при чистење на организмот.

Евтин лек за подмладување

Лимонот помага во спречување на брчки и го освежува лицето. Вашата кожа не може да изгледа здраво ако вашето тело складира премногу токсини. Лимонот исто така содржи лимонски киселини кои ќе ви помогнат во борбата против акните.

Добар е за губење килограми

Црниот дроб го забавува метаболизмот кога е полн со токсини и отпад што доведува до зголемување на телесната тежина. Лимонот му помага на црниот дроб да ги елиминира сите овие токсини и помага побрзо да согорува маснотии. Најдобро работи кога се комбинира со здрава храна и вежбање.

Ги ослободува дишните патишта и го освежува здивот

Лимонадата помага да се ослободи од белодробни инфекции и кашлање. Се верува дека им помага на луѓето со астма и алергии. Лимонот исто така го освежува здивот и помага при забоболка и гингивит, но исто така бидете внимателни со внесувањето бидејќи премногу киселина може да го оштети стомакот.

Прочитајте и: Проблемите со варењето можат да бидат исклучително опасни за организмот, еве како да ги решите

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.