Диета на руска балерина за совршен струк: 5 килограми помалку за 7 дена! (МЕНИ)

Лесно и ефикасно

Балерината ја одржува својата тенка линија благодарејќи на овој режим.

Благодарејќи на правилниот избор на намирници, балерината Ана Михалков има совршена линија. Во текот на животот на неколку наврати се борела со вишокот килограми, а често применувала ригорозни диети кои оставиле белег на нејзиното здравје.

Додека не решила да пронајде решение, нејзината телесна тежина се променувала. Веќе 10 години се храни по овој принцип и нема никаква мака со тежината.

Таа најчесто појадува овесна каша со некакво овошј и шолја зелен чај или сирење и јајца. За ручек и вечера на менито се намирници богати со протеини. Ужината се состои од овошје и зеленчук.

Конзумира нискокалорично месо како пилешко месо, мисиркино месо и риба. Не вечера по 20 часот, но ако осети неиздржлив глас, пие чаша ќефир со малку лен.

Иако главно се храни здраво, еднаш или двапати во седмицата си дозволува да изеде парче торта или чоколадо. Балансот е клуч на нејзината тенка линија.

Доколку ѝ се случи да додаде неколку килограми, го внесува овој режим на исхрана. Трае 7 дена, а во текот на тој период можете да изгубите 4-5 kg.

 

Прочитајте и: Тајната на совршената линија на Мадона: Ова е диетата поради која има 48 килограми на 60 години!

 

Мени за една седмица:

 Ден 1.

Првиот ден е дозволено да се јаде било кој зеленчук неограничено: печен, сиров, готвен. Храната треба да ја приготвувате без масло, сол и лути зачини и важно е да пиете многу негазирана вода.

Ден 2.

Следниот ден менито е исполнето со месо. Се препорачува пилешко или мисиркино месо. Вкупно – 800 g месо распоредено во еднакви порции во текот на денот.

Ден 3.

Околу 1 kg овошје и 400 ml ќефир или јогурт е дозволено овој ден.

Ден 4.

Четвртиот ден се јаде супа во неограничени количини. Овој ден ќе направи целосен детокс на вашето тело.

Ден 5.

Распоредете 800 gr риба на 3 оброци и со неа јадете зелена салата или зелка во неограничени количини.

Диетата на Софија Лорен: За 3 дена, 3 килограми помалку без гладување!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.