Данијела Димитровска ја сподели ТАЈНАТА на својата вита става: Манекенката откри што ЈАДЕ ЗА ПОЈАДОК и како го приготвува оброкот!

Исхрана

Бившата сопруга на Огњен Амиџиќ не држи ригорозна диета за да изгледа феноменално.

Данијела Димитровска е позната по својата вита става и по убавината. Таа се грижи за својот изглед и се труди да се храни што е можно поздраво. Во една пригода, манекенката истакна дека не држи диета, туку дека јаде сè, но во мали количини.

Се трудам да се хранам што е можно поздраво, а тоа го вклучува и бројот на оброци и нивниот квалитет. Секако, понекогаш поради обврските не стигнувам докрај да го применам овој став во пракса, па не избирам што јадам. Имам четири до пет оброци во текот на денот, со ужина. Морам да нагласам дека сум хедонист и дека никогаш не сум била на диета, но во мојот случај „тајната“ е да се јаде речиси сè, само во помали количини, еднаш го откри Данијела својот рецепт за слабеење за магазинот „Стори“.

Овој пат таа со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм откри што најмногу сака да јаде за појадок.

Тоа е палента. Мајка ми ме навлече на ваков појадок кога бев мала. Јас додавам јогурт, но ако сакате, можете да додадете сирење, кисело млеко, павлака, истакна Данијела.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.