Дали знаете дека и од пивото имаме здравствени придобивки?

Не е лошо да се знае...

Што ако ви кажеме дека смеете да испиете една чаша пиво на ден? Не е дозволено да претерувате, но во умерени количини, пивото може да понуди неколку здравствени придобивки…

Конечно и љубителите на пивото можат да му се израдуваат на фактот дека здравствените придобивки од омилениот пијалак се речиси идентични со оние што ги добиваме од виното. Без разлика на каков тип пиво сте навлечени, доколку го пиете во умерени количини, со сигурност ќе ги почувствувате неговите придобивки.

ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД УДАРИ. Пиењето на едно пиво дневно може да помогне да се намали ризикот од мозочни удари и срцеви заболувања. Нормалното консумирање може да го намали ризикот до 20% според некои истражувања направени во САД. Освен тоа, пивото може да помогне да се покачи нивото на ХДЛ (корисен холестерол) во телото и да ја намали веројатноста за појава на згрутчување на крвта. Текстот продолжува по огласот…

ГО ЗГОЛЕМУВА НИВОТО НА АНТИОКСИДАНСИ. Пиењето неколку пива неделно може да го зголеми нивото на антиоксиданси во крвта. Ова овозможува клетките да разнесуваат повеќе кислород низ организмот. Покрај тоа, поголемата количина на кислород овозможува подобра активност на мускулите.

СОДРЖИ ВИТАМИН Б6. Пивото содржи витамин Б6 кој е потребен за создавање хемоглобин. Тоа исто така помага за регулирање на нивото на шеќерот во крвта, не содржи масти, помага побрзо да заспиете и релаксира.

Пивото ги содржи и витамините Б и Б2, како и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор. Може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на инсулин во крвта.

ФОТО: Pexels

ЈА НАМАЛУВА МОЖНОСТА ЗА ПОЈАВА НА КАМЕН ВО БУБРЕГ. Ова може да се должи на водата, хмељот или пак на алкохолот, но која и да е причината, изгледа дека помага.

ТЕМНОТО ПИВО Е ПОЗДРАВО! Темното пиво е поздраво од светлото. Тоа содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти кои помагаат во заштитата на организмот од заболување. Но кое пиво и да го одберете – секое е корисно за здравјето, секако, во умерени количини. На здравје!

Фото: Pexels, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.