Едиторијал за шминка: Имате ли храброст да го износите овој изглед? (ФОТО)

Бидете во тек!

Фото: Мирко Табашевиќ

Најновите трендови во разубавувањето

Како се пишува индивидуалност? Со смели бои, неочекувани потези со ајлајнерот и моливчето за очи, со необични маникир-техники… Поместете ги сопствените граници! Бидете убави, негувани и истакнете ја својата посебност!

Во тоа ќе ви помогнат дефинитивно и најновите трендови во шминката, кои можете да ги погледнете во продолжение на нашиот едиторијал! Текстот продолжува по огласот…

Поглед во иднината

Сина линија што се наоѓа на половина пат меѓу трепките и веѓите, со необично стилизирана фризура, внесува футуристички призвук и совршено кореспондира со блескави усни во боја на кожа. Осмелете се!

Уметнички печат

„Зачадениот поглед“ заокружен со бел молив е вистински синоним за уметност. А дополнет со црвени усни – го подига мејкапот на уште повисоко ниво!

Новото руво на францускиот маникир

Правилото е јасно: основа во неутрална нијанса + врвови во некоја боја + еден нокт што е исклучок од правилата. Не воздржувајте се – слободно сами креирајте ја сопствената шема на бои!

Скриена убавина

Еве вистински доказ дека карминот може да биде носител на комплетниот изглед! Придружете му руменило во компатибилна нијанса и почекајте соодветен миг да му го покажете вистинското лице на светот.

Ептен смел предизвик

Во оваа мејкап-сценографија, циклама-сенката и црниот молив, кој ги врамува контурите на капакот, дефинитивно го водат главниот збор, додека остатокот од шминката и цветот во косата совршено ја заокружуваат целата приказна.

Имате ли храброст да го износите овој изглед?

Фото: Мирко Табашевиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.