Ако секој ден јадете лубеница, се изложувате на ризик од овие здравствени проблеми: Можат да направат хаос во организмот!

Несакани последици

Кога станува збор за летното овошје, мангото и лубеницата се неизоставен дел од сезоната. Сепак, не треба да претерувате со количината

Лубениците со голема количина на вода одлично ја гасат жедта, но тоа со себе носи и некои несакани последици што ќе ве натераат да размислите пред да земете уште една резанка.

Лубеницата е богат извор на калиум и помага во одржувањето на функцијата на електролитите. Го одржува срцето здраво и ги прави коските и мускулите посилни.

Иако е одличен извор на вода и диететски влакна, може да предизвика проблеми со варењето, како што се дијареја, подување и гасови. Содржи сорбитол, соединение на шеќер, за кое е познато дека го поттикнува варењето и ја контролира киселоста, но во поголеми количини може да направи проблем.

Можеби ќе се изненадите кога ќе прочитате дека оние што пијат многу алкохол, треба да одбегнуваат да јадат премногу лубеница, бидејќи високото ниво на ликопен може да реагира со алкохолот, предизвикувајќи воспаление на црниот дроб, а овој прекумерен оксидативен стрес на црниот дроб може да биде опасен за телото.

Докажано е дека претераното внесување калиум може да доведе до кардиоваскуларни проблеми, како што се неправилна работа на срцето, слаб пулс и многу други.

Според експертите за здравје и нутриционистите, идеално би било да се консумираат помеѓу 100 и 150 г лубеница дневно.

Зошто не смеете да изедете повеќе од 1 парче лубеница дневно? Страшно ќе се здебелите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

siep qzscir ltalhly bbcz gmvasc ednejja pfgxedc cyhvdc