Вака искусните домаќинки приготвуваат крофнички: Тајната е во една состојка што ги прави воздушести и меки!

Превкусно!

Секому му успеваат овие крофнички

Крофничките се одлично печиво што брзо се приготвува, а супер се за појадок или вечера. Најдобро е ако ги послужите со домати и сирење, но ако претпочитате слатко, може и со џем или еурокрем. А искусните домаќинки открија како да ви успеат од прв обид.

Кефирот ги прави меки, а маслото се додава за да бидат помалку масни, додека со шеќерот треба да внимавате, бидејќи може да направи да изгорат.

Состојки:
  • 1/2 л кефир
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 1 лажица масло
Приготвување:

Прво измешајте го јајцето и кефирот, а потоа додајте ги преостанатите состојки. Кефирот не би требало да биде ладен, туку од собна температура и не смее да биде кисел. Постепено додавајте го брашното во смесата и постојано мешајте за да не се направат грутки.

Потоа, додајте масло. Тоа е задолжително, бидејќи ќе направи крофничките да бидат помалку масни однадвор додека се пржат. Потоа, додајте шеќер и промешајте. Немојте да додавате премногу шеќер, бидејќи тој може да направи полесно да изгорат. Сипете сода и сол и сето тоа убаво соединете го, па оставете ја смесата 15 минути да отстои. Вадете од тестото со мокра лажица и сипувајте во врело масло.

Стар рецепт за најмеките уштипци: Воопшто не впиваат масло!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.