Ако одлучивте да симнете неколку килограми, сменете ги размислувањето за диетите и односот кон шеќерот

Трикови за витост

Една промена до совршена става

Во периодот на слабеење најважен е менталниот мир. Затоа зборовите „гладување“, „прескокнување оброци“, „смеам/ не смеам“ не треба да ви бидат во секојдневната употреба. Наместо да се воздржувате во рамките на дневниот режим на исхрана, кој за време на диета не смее да биде под 1.700 калории, ќе имате доволно „простор“ да се почестите со омилените вкусови.

Немојте да се прејадувате, па нема да имате причина да чувствувате вина. Освен тоа, и организмот ќе работи хармонично, а телото ќе слабее здраво.

Јаглехидрати – гориво за организмот

Исфрлањето на јаглехидратите од исхраната, вклучувајќи ги и шеќерите, не доаѓа предвид! Нема нешто лошо во тоа повремено да се почестите со омилениот колач, палачинки, газиран пијалак, затоа што, според нутриционистите, шеќерите се неопходно гориво за организмот, а без гориво, не може да се постигне дневната енергетска рамнотежа, ниту, пак, општо задоволство во животот.

Постои алтернатива!

Резултатите од клиничките истражувања покажуваат дека заменувањето на обичните засладувачи со нискокалорични или некалорични „врши работа“ и може биде корисно средство за губење килограми или за контрола на тежината.

Храната и напивките во кои шеќерот е заменет со нискокалорични засладувачи ќе помогнат во одржувањето здрава телесна тежина, особено кај консументите што водат здрав животен стил, се занимаваат со физичка активност и не консумираат дополнителни калории, кои ги надоместуваат оние што ги нема во засладувачите“, објаснува д-р Пилар Риобо, авторка на студијата објавена во стручното списание „Нутришн хоспиталарија“.

А еве неколку примери:

Слатките пијалаци не мора да ѝ се непријатели на витата става

Една чаша газиран пијалак содржи 100 калории, а неа можете да ја замените со нискокалорична варијанта. Ако се занимавате со физичка активност, чаша слатка напивка може да ви донесе уживање во омилениот вкус, без опасност дека ќе натрупате килограми.

Американски палачинки со само 100 калории!

140 г брашно

250 мл млеко

1 јајце

2 лажици шеќер или засладувач

2 лажичиња прашок за печиво

половина лажиче сол

коцкиче растопен путер

Пригответе ги палачинките на вообичаениот начин. Една палачинка засладена со нискокалоричен засладувач има под 100 калории. Обично се сервира порција со три палачинки, што претставува вкусен оброк со само 300 калории.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pinterest

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.