Бифтек во сос од црвено вино, со пире од целер и со глазиран морков
Хедонизам во чинијата
Плус: 3 совети за избор и приготвување месо
Се впуштивме во потрага по вистински празничен деликатес и ви го претставуваме нашиот фаворит!
СОСТОЈКИ: Месо: 200 г бифтек, сол, црн пипер; Пире: 60 г целер, 2 дл млеко, 5 г путер, сол, црн пипер; Зеленчук: 30 г морков, 20 г брокула, сол, коцка путер; Сос: 1 дл црвено вино, 10 г шеќер, 5 г путер, 1 чешне лук, 1 кромид
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Месо: зачинете го бифтекот со сол и црн пипер и пропржете го од двете страни по 4 минути.
Пире: сварете го исчистениот целер во млекото да омекне, додајте 5 г путер, зачинете по вкус и изблендирајте.
Зеленчук: сварете ги морковот и брокулата во посолена вода, а пред сервирањето, додајте малку путер.
Сос: исечкајте ги кромидот и лукот и динстајте ги додека омекнат. Карамелизирајте шеќер, додајте црвено вино и почекајте малку да испари течноста. Додајте ги испржениот кромид и путерот и прелејте ја смесата врз бифтекот.
3 совети за избор и приготвување месо
1. Паткино филе Пригответе го во тава, а сервирајте го, на пример, со сос од шумско овошје и со пире од карфиол.
2. Телешки котлет Наполнете го ова лесно црвено месо со козјо сирење и со суви сливи, обликувајте ролнички и испечете ги во рерна.
3. Туна Налето рибата е добредојдена! Маринирајте ја во маслиново масло, мајчина душица и лукче, грилувајте ја и сервирајте со омилениот зеленчук.
Извор: Добра храна
Коментарите се заклучени.