Еликсир на младоста: Чудесен рецепт од три состојки кои сите ги имате во домот!

Ги пегла брчките и го подобрува тенот

За овој еликсир на младоста потребни ви се мед, лимон и маслиново масло. За него пишувале многу тибетски исцелители и специјалисти во источната медицина.

Овој еликсир на младоста е во топ 10 најдобри за чување на здравјето и младоста, а рецептот е неизбежен дел од секоја колекција на ориентални рецепти за подобрување на здравствената состојба.
Ако се држите до правилно консумирање на овој еликсир секој ден, во текот на еден месец, ќе почувствувате неверојатна енергија и сила. Покрај тоа, оваа мешавина е одлична за имунитетот, црниот дроб, го подобрува тенот и ги пегла брчките. Ако редовно го консумирате овој еликсир од мед, лимон и маслиново масло ќе изгледате свежи и млади, но и засекогаш ќе се ослободите од склероза, воспаление и инфекција на бубрезите.

За подготовките за тибетскиот еликсир на младоста се потребни: – 100 мл свеж сок од лимон – 200 грама мед – 50 мл маслиново масло. Прво добро промешајте ја оваа смеса и ставете ја во стаклена тегла. Чувајте ја на ладно и суво место.

Овој еликсир се консумира секое утро на празен стомак. Но не претерувајте. За подобрување на здравјето и подобрување на енергијата е доволна само една лажица дневно. Еликсирот се консумира два пати годишно по еден месец, а идеално време е во есен и пролет.

Коментарите се заклучени.