Зимски парфеми на кои никој не може да им одолее: Издвоивме заводливи ноти благодарение на кои ќе мирисате убаво цел ден
Дознајте
Доаѓањето на зимата ни носи нови мириси, а ние издвоивме 5 парфеми што на многумина им се омилени за време на зимските месеци
Подготовките за зимата неретко се однесуваат и на козметиката, чии формули стануваат побогати, а исклучок од ова не се ни омилените парфеми кои се сè освен здодевни и суптилни!
Познато е дека мирисите најчесто ги одбираме во согласност со годишното време во кое се наоѓаме, па така зимските ноти се малку пораскошни и дрвенести. Според тоа, ги одбравме петте најпопуларни зимски парфеми…
1. Maison Francis Kurkdjian Paris Gentle Fluidity
View this post on Instagram
Екстралуксузен парфем, совршен спој на пикантни и слатки ноти. Цветните акорди во комбинација со ванила, мошус и дрвенести ноти се вистинско олицетворение на слободата.
Минимализмот е одликата на парфемскиот гениј што стои зад Kurkdjian, а од 49-те состојки употребени за парфемското дуо Gentle и Fluidity, сакал особено да истакне шест највпечатливи кои го формираат карактерот на мирисот: клек, мускатно оревче, семе од коријандер, мошус, дрвенести ноти и ванила.
2. Calvin Klein Obsession
View this post on Instagram
Еден од најпопуларните парфеми во 1980-тите, сензуална и неодолива комбинација на пудрести и балзамични тонови. Раскошен, привлечен, заводлив, парфемот се отвора со ноти на мандарина, ванила, праска, босилек, бергамот и лимон.
Во срцето на овој елегантен, магичен и привлечен мирис се зачините, коријандерот, сандаловината, цветот од портокал, јасминот, мовта, кедарот и розата, додека основата се состои од мешавина од ноти на килибар, мошус, цибетка, ванила, ветивер и темјан.
3. Black Opium, YSL
View this post on Instagram
Во потрага по совршениот мирис што ќе го носиме цела есен и зима, ништо не ветува толку колку елегантниот Black Opium, парфем од францускиот бренд Yves Saint Lauren.
Преполн со страст и енергија, совршено ги усогласува црното кафе и ванилата, создавајќи сладок, но првенствено заводлив мирис. Ако сакате сето внимание да го свртите кон себе, овој парфем е вистинскиот избор.
4. Mon Guerlain, Guerlain
View this post on Instagram
Нежен како снежна снегулка, Mon Guerlain зрачи со посебност и женственост. Оваа отмена мирисна нота е погодна за секоја пригода, а токму од таа причина заслужува внимание и место во колекцијата парфеми за врнежливи и магловити денови.
5. Replica By The Fireplace, Maison Margiela
View this post on Instagram
Семејство на мириси: топли, зачинети. Клучни ноти: масло од каранфилче, костен, ванила. Овој топол мирис навистина мириса како да седите покрај оган. Истовремено е и зачаден и сладок, што го прави вистинскиот избор за во зима и за оние што сакаат смели, поинакви парфеми.
Коментарите се заклучени.